Во денешно време, концептот на ниско – енергетско градење се сè повеќе применува во самиот процес на градење, како на станбени така и на деловни објекти. Но овој концепт се применува на многу различни начини. Што всушност значи ниско – енергетско градење и како се дефинира? Која енергија се зема во предвид? Што е тоа примарна и електрична енергија? Во овој текст ќе се обидеме да дадеме одговор на овие прашања и да прикажеме како е овој концепт регулиран и нормализиран ви земјите членки на ЕУ.
Што значи ниска енергија?
Поимот на ниска енергија е секогаш поврзан за одредено количество на примарна енергија која што е неопходна за да се задоволат потребите (нормален и комфорен живот) на корисниците на одреден објект. За да некоја зграда (објект) стани ниско – енергетска зграда, тоа количество на енергија мора да биди под одредена граница! Максималната потрошувачка на енергија е дефинирана со одредени норми кои што се разликуваат од држава до држава и овие норми се менуваат со текот на времето. Значи она што на пример пред 10 години се сметаше и смета како стандард за ниско енергетско градење, утре или за одреден временски период нема повеќе да се смета како стандард или правило за ниско – енергетско градење.
Потрошената енергија, во некој објект, зграда, секогаш се прикажува како количество на примарна енергија потрошена по еден метер квадратен за период од една година. Потрошената примарна енергија е прикажана во киловат часови на примарна енергија. Единица за мера е:
kWhpe⁄m².year
Која потрошена енергија се пресметува во оваа формула?
Енергијата можеме како што ви е познато да ја искористиме на повеќе начини во некој објект:
- Енергија потребна за греење
- Енергија за ладење или дополнително греење
- Енергија потребна за загревање на санитарна вода
- Енергија потребна за вентилација
- Енергија за осветлување
- Енергија која што е потребна за електричните уреди (од ТВ апарати до ладилници, компјутери..)
За да биди на вистински начин дефинирана, ниска – енергија мора да укажува каков вид на потрошувачка е земен во предвид. Во голем број на примери, ниска – енергија се однесува на енергија која што е потребна само за греење или на енергија која што е потребна само за греење на санитарна вода. Понекогаш таа енергија ја опфаќа енергијата потребна за греење, ладење, греење на санитарната вода, вентилација и осветлување. Значи како што можеме да забележиме, енергетската норма е различна, а таа зависи од тоа, каков вид на трошење на енергија е земен во предвид.
Потрошена енергија во едно класично домаќинство во С.А.Д. (извор: Zero Energy Design)
Како што можеме да видиме, споредба на ниско – енергетски норми не е едноставна работа. Овие норми се разликуваат од држава до држава. Така на пример оние држави каде што ладењето не е потребно, таа енергија не се ни пресметува. За оние држави каде што ладење претставува значителна потрошувачка на енергија (како кај нас), оваа потрошувачка мора да се земи во предвид.
Идната недела продолжуваме со оваа тема!