Доста тоа е пишувано за загадувањето во урбани средини а прашањето доби на тежина кога во Скопје како и во неколку други градови во Македонија се добија сознанија за квалитетот на воздухот. За причините зошто тоа е така исто така доста е зборувано и пишувано, додека за тоа како да се справиме со овој проблем речиси никој и ништо да нема предложено или преземено. За жал овој проблем не е на листата на приоритети на оние кои се надлежни за оваа проблематика и како таков речиси и целосно да е игнориран. Исто така граѓанските организации мошне малку имаа што да кажат за овој проблем. Се добива впечаток дека поголемиот дел од нив имаат нешто да кажат само кога ќе добијат некој грант или спонзорство.
Без разлика на тоа нашата цел не е само да критикуваме, да кажуваме за очајноста на ситуацијата и за инертноста на институциите. Нашата цел е да прдложиме решенија за загадениот воздух како што имавме пишувано и порано. Во претходните постови на оваа тема беа дискутирани зелените покриви како и некои други технолошки решенија за проблемот со загадениот воздух. Во овој пост ќе биди опишана една технолошка иновација за справување со аеро-загадувањето.
Унгарскиот дизајнер и иноватор Питер Хорват е човекот кој ја престави на светот Уличната светилка која покрај тоа што се користи за осветлување на улиците го апсорбира смогот и прави биогориво. Имено целото тело на оваа светилка е исполнето со алги и со вода. Водухот кој се апсорбира со помош на пумпа се циркулира низ мешавината од алги и вода. Алгите се тие кои го апсорбираат јаглеродиоксидот од воздухот. Во одреден момент кога алгите ќе се заситат со јаглерод диоксид стануваат биомаса. Така тие се проследуваат до специјални филтерски станици каде што од таа биомаса би се добивало гориво кое би можело да се користи за разни намени меѓу кои за гориво за автомобили, гориво за автобуси, производство на енергија како и производство на топлина. Од кога ќе се испразнат коморите од заситените алги се носат нови алги како замена за нив. Тоа на кратко е принципот по кој функционира оваа технологија.