Минатата недела е обележена од страна на два настани кои, за кои што мислиме дека ќе ја унапредат енергетската ефикасност во Македонија.
Првиот настан е промоција на нова кредитна линија на Алфа банка за енергетска ефикасност, поточно Алфа енергетски зелен кредит. Се работи за наменски потрошувачки кредит за физички лица. Вредноста на кредитот се движи од 200 – 10.000 евра. Каматната стапка се движи од 4,40% -4,90% (за евро) на годишен ниво и со грејс период од 6 месеци. Она што е интересно за оваа кредитна линија е дека обезбедувањето на кредитот е меница.
Со ова кредитна линија Алфа банка се приклучи на Прокредит банка, Халбанка и Комерцијална банка, кои што за физичките лица веќе нудат кредити за финансирање на енергетска ефикасност или така наречени ЕКО кредити. Земјоделците покрај овие кредитни линии, имаат можност да ги искористат средствата од ИПАРД програмата за искористување на обновливите извори на енергија.
Да ги потсетиме да, бизнис секторот веќе одамна има можност на користење на поволни кредитни линии, кои што се наменети за зголемување на енергетската ефикасност како и на искористување на обновливите извори на енергија. Пред се сè работи за кредитни линии од Македонската банка за поддршка на развојот како и кредитните линии преку WeBSEFF проектот. Да не го заборавиме и Зелениот фонд за раст, за Југоисточна Европа (The Green for Growth Fund, Southeast Europe).
Вториот настан е поврзан со Министерството на финансии. Имено, надлежното министерство одлучи да ја задржи повластената стапка од 5% на ДДВ за термални сончеви системи. Целта на примената на трајната повластена стапка е овозможување на поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина. Рокот за повластената стапка истекуваше на 31 декември 2012 година. Да се надеваме дека повластената стапка на ДДВ ќе се прошири и на други системи кои што ги искористуваат обновливите извори на енергија.