Бидејќи на некои места е речиси невозможно да се донесе електрична енергија од мрежата до некои места, најдобри решенија се поставување на независни извори на енергија. Затоа поради ова компанијата SunWireless во Струга монтира два соларни панели и една мини ветерница со кои целосно ќе се обезбедува потребната електрична енергија за функционирањето на базната станица. Подолу е даден превземениот текст од нивниот блог.
SunWireless како општествено одговорна компанија која максимално се грижи за штедењето на енергетските извори и овојпат како и многупати досега е пионир во воведувањето на иновативни практики на бизнис делувањето.
Тимот на SunWireless од Струга ја монтираше првата базна станица која 100% ќе се напојува од обновливи извори на енергија.
Имено, од пред некој ден, на една од нашите базни станици во Струга се монтирани два соларни панели и една мини ветерница со кои целосно ќе се обезбедува потребната електрична енергија за функционирањето на базната станица.
https://blog.sunwireless.com.mk/?p=477
One Comment
Pingback: Можности за инвестирање во соларната енергија