На нашиот сајт повеќе пати пишувавме за квалитетот на ПВЦ дограма – на што треба да внимаваме кога ја купуваме. Во денешниот пост ќе го објасниме процесот на екструдирање на ПВЦ профилите.
Екструдирањето на ПВЦ профили за изработка на прозорци и врати се прави на таканаречени линии за екструзија. Линиите се состојат од следните делови: екструдер, место за алати, вакуум, резервоар со вода и пила за прецизно сечење.
Профилите можат да бидат бели или во некој друга боја. Обично се сечат на должина од 6 метри. Доколку профилите се бараат во друга боја, истите идат на линија за ламинирање.
Во производството на ПВЦ профили стабилизаторите имаат битна улога. Денес се користат стабилизатори на база на калциум и цинк, како и на некои други органски компоненти. Овие компоненти се користат пред се да се исполнат новите стандарди во поглед на заштита на човековата средина пропишани од страна на европскиот ПВЦ сектор. Стабилизатори базирани на калциум или цинк имаат повеќе предности во однос на стабилизатори базирани на олово/калај.
Тестирањата покажаа дека ПВЦ профили базирани на калциум/цинк стабилизатори имаат поголема стабилност во сите временски услови за разлика профилите со вградени калај/олово стабилизатори.
Во претходните години оловните стабилизатори се користеа за поголем број на производи од цврст ПВЦ – освен во северна Америка каде се користеше стабилизатор базиран на калај. Двата профили имаат сличен однос во поглед на цена – квалитет. Но кога се работи за рециклажа на овие профили тие се некомпатибилни – поточно мораат одвоено да се рециклираат. Оловните стабилизатори се забранети за употреба во ЕУ, но за жал ПВЦ профилите базирани на оловни стабилизатори се уште можат да се најдат на нашиот пазар.
ПВЦ профилот се по изработката испитува на изглед, димензии и облик. Прегледите можат да се поделат во 4 групи и тоа:
- Механички карактеристики
- Надворешни карактеристики
- Термички карактеристики
- Физички карактеристики – густината на самиот профил
Исправен профил е само оној профил кој што ги задоволи овие 4 параметри а кој што се во граници на дозволени отстапувања според важечките стандарди и норми.
Извор: https://www.alu-pvc.com/Ekstrudiranje-pvc-profila