Секогаш кога некој ќе го спомене името на Емили Каминс мисли на мини – фрижидерите кои таа ги измисли. Имено со намера да му го олесни животот на сиромашните во Африка таа измислила соларен фрижидер. Принципот на работа на соларниот фрижидер е доста едноставен и како извор на енергија го користи сонцето. Фрижидерот се состои од два цилиндри, еден во друг. Надворешниот може да биде пластичен или дрвен, додека внатрешниот е метален. Просторот меѓу цилиндрите е наполнат со земја или со песок, кои се потопуваат во вода. Како сонцето го загрева надворешниот цилиндер така водата почнува да испарува, што пак ја влече топлината од внатрешниот цилиндар и ја држи неговата внатрешна температура околу 6 целзиусови степени