На 40-тина дена до истекот на рокот до кој што компаниите мора да најдат начин како ќе се справат со отпадот од производството, само триесет компании ја исполните оваа законска обврска. Рокот истекува на први јули. Имаат две опции- селектирањето и реликлирањето на отпадот да го додеат на „ПАКОМАК“-новата фирма основана за таа намена или сами да се грижат за отпадниот материјал. Доколку не го решат проблемот ќе плаќаат пенали на државата. Како прична за слабиот одзив изминативе шест месеци се наведува неинформираноста.
– Според Законот „Пакомак“ треба да соработува со локалните самоуправи и да ја подигне постоечката инфраструктура во општините, преку поставување посебни контејнери, заедничко вложување во комунална опрема, со цел да се подигне капацитетот на локалната самоуправа за собирање повеќе отпад и негово селектирано собирање, изјави Филип Ивановски од „Пакомак“.
Од интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад овој законот го правдаат со намалување на дивите депонии и отварање на нови работни места. Предлагаат и граѓаните да се приклучат кон акцијата за селектирање на отпадот.
– Задача на Пакомак е да излезе на улица и да им каже на граѓаните зошто треба да ги делат амбалажите и како. Ни велат да не возиме автомобил, ама не можеме да се откажеме од тоа, ни велат помалку да купуваме, ама не се откажуваме ниту од тоа. Со 1 тон рециклиран материјал, се заштедува 1 тон јаглероден диоксид. Секој може да помогне, ијзави Христијан Штиглиц од „Пројуроп“.
Пред воведување на законот на почетокот на годинава се рециклираа само пет проценти од отпадот од индустриското производството. Според проценките на компанијата основана за вршење на оваа дејност, до крајот на следната година ќе се рециклира шеесет проценти отпад од компаниите.
Марија Мининчиќ
Преземено од: АЛФА ТВ