Подготовките на теренот меѓу селата Горни и Долни Подлог во Кочани каде треба да биде инсталирана опрема за искористувањена сончевата енергија се во тек. Од сончевите зраци се планира производство на електрична енергија.
Проектот е на неколку италијански фирми кои се подготвени за експериментално производство на електрична енергија од сончеви колектори, при што за кратко време се очекува да се сумираат остварените резултати за да можат да се изготват соодветни проекти за континуирано производство. Доколку се исполнат очекувањата, Италијанците најавуваат изградба на фабрика за сончеви колектори во Кочани.
Ова е втор проект на општина Кочани за алтернативна енергија, по заокружениот систем за искористување на геотермалните води. Доколку очекувањата бидат исполнети, по забрзана постапка ќе следува потпишување на неопходните договори со општината, а потоа и со изградба на капацитетот за производство на сончеви колектори. Покрај Италијанците во овој проект е вклучена и домашна фирма која соработува со соодветни партнери во Украина од оваа област.
Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски изјави дека општината забрзано ја работи постапката околу урбанизацијата на просторот меѓу Макпетрол и село Тркање каде се предвидува изградба на фабриката за сончеви колектори.
Преземено од: КУРИР