Инфрацрвената енергија е вид на енергија која се простира во форма на електромагнетни бранови, која ние ја регистрираме како топлина, но не е видлива за човечкото око. Како пример може да се земе сонцето на кое поголем дел од енергијата припаѓа во инфрацрвениот сегмент. Има три видови на инфрацрвено зрачење и тоа:
IR-A, кратки бранови
IR-B, средни бранови
IR-C, долги бранови
IR-A зрачењто треба да се избегнува, затоа што при подолга изложеност на телото лесно може да се случи прегревање на телото, IR-B зрачењето навлегува нешто подлабоко во кожатата, додека IR-C зрачењето е тип на зрачење кое навлегува само неколку милиметри под кожата и е сосема погодно за загревање на сите видови простории.
Со развојот на енергетски ефикасните системи за греење се дојде и до развој на инфрацрвени грејачи кои со својата ефикасност предничат пред многу други видови на греење. Кога се објаснува овој вид на греење битно е да се спомне дека овие видови на грејачи се апсолутно безбедни за користење и тоа е докажано од реномирани шведски и јапонски институти кои ги испитуваа и дојдоа до идентични заклучоци дека не само што нема никакво штетно зрачење кое произлегува од нив, туку дека напротив влијаат мошне позитивно врз човековиот организам. Инаку, инфрацрвеното зрачење покрај намената како за греачи за домови и јавни институции се користи и за медицински цели за:
Инфрацрвени сауни во спа центрите ширум светот
Загревање на организмот со зрачење
Одржување на стабилна телесна температура кај новородените бебиња во инкубатори
Дијагноза на т.н. биолошки молекули
Бенфитите од овој вид на инфрацрвено зрачење се доста големи и нивната примена освен во медицински и слични цели е проширена во комерцијални цели како дел од денес големото портфолио на енергетски ефикасните системи за загревање.