Да, да, добро слушнавте, посиромашните граѓани ќе добијат ваучери за електрична енергија, но оваа привилегија ќе ја осетат граѓаните на Србија.
Повеќе од 400.000 социјално најзагрозени во Србија, ќе добие можност полесно да ги плаќаат своите сметки за електрична енергија.
Државната секретарка во српското Министерство за труд, Бранкица Јанковиќ, изјави дека најсиромашните граѓани, ќе се најдат на социјалната карта на енергетски најзагрозени потрошувачи.
Се работи за пензионери кој што имаат месечни пензии во вредност од 12,898 динари (околу 115 евра), социјално загрозени фамилии кој што користат социјална помош и додаток за деца до одреден лимит. На социјалната карта ќе се најдат и оние кој што се социјално загрозени но не добиваат социјална помош.
Овие категории на граѓани ќе имаат одредени олеснувања за плаќање на нивните сметки за електрична енергија. Истите погодности ќе можат да ги искористат од јануари 2013 година. Според Бранкица Јанковиќ, се работи за карта на енергетски загрозени граѓани а не за класична социјална карта.
„Очекуваме состанок со надлежните во Министерството за енергетика, бидејќи истото министерство формира работна група, која што работи на изработка на овие карти, за да ги договориме наредните чекори.“, изјави Јанковиќ.
Конечната листа како и бројот на домаќинства кој што ќе ги добиваат бенефициите се уште не се утврдени, но Бранкица Јанковиќ изјави дека се познати критериумите врз основ на кој што ќе се направи избор на енергетски загрозени потрошувачи.
До сега е утврдена бројка од 400.000 социјално загрозени кој што ќе можат да го искористат ваучерот за плаќање на електричната енергија. На ваучерот ќе се назначи име и презиме на носителот на оваа бенефиција, како и бројот на киловат часови.
„Се подразбира дека ќе се остави простор за одреден број на корисници, за кој што сме убедени дека се загрозени, но поради слабата информираност не се во системот на социјалната заштита и не знаат дека постои можност да остварат социјална заштита. Тоа се пред се загрозени рурални домаќинства.“, објасни Јанковиќ.
Понатамошниот број на корисници пред се ќе зависи од договорот со Министерството за енергетика, како и со Министерството за труд, поточно од скалата која што е поставена од страна на оваа министерство.
Покрај ваучерите, како еден модел на помош на социјалното загрозени, се размислува за уште два модели кој што се користат во другите држави – модел на директна и индиректна парична помош. Недостатокот на директната парична помош е таа да добиените пари можат да се искористат за некоја друга намена.
Инаку во Србија околу 1,8 милиони потрошувачи остваруваат право на бенефиции за плаќање на сметки за електрична енергија. Најголем број на потрошувачи го користат попустот на предвременото плаќање на нивните сметки во вредност од 5%. Исто така оние домаќинства која што трошат до 500 киловат часови на месечен ниво добиваат попуст од 15%.
Извор:politika.rs