About the author

Златко Чавдаровски

Дипломиран инженер по електротехника, насока електроника и телекомуникации

Related Articles

One Comment

  1. 1

    Анонимен

    ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ПО

    МЕТОД НА НАПОНСКА ОПТИМИЗАЦИЈА

    Напонската оптимизација ( позната и како редуцирање на напон , корекција на напон или оптимизација на моќност со помош на доведениот напон), е техничко решение кое овозможува намалување на вкупната потрошувачка и трошоците за електрична енергија (најчесто за 15% , но понекогаш дури и за цели 25%), како и намалување на бројот на дефектите на електричната опрема и електронската опрема.

    Во праксата, многу често се случува приклучениот напон да биде повисок од потребните 220 V, за монофазните , или 380 v за трофазните потрошувачи, особено ако напојувањето се врши од трансформатор кој е во непосредна близина.

    Поради зголемените загуби, ова предизвикува непотребно зголемување на потрошувачката на електрична енергија кај различните видови електрични апарати, светилки (особено флуоросцентните), електрични мотори употребени кај фрижидерите, клима уредите, вентилаторите, пумпите , лифтовите, ескалаторите, транспортерите, но исто така и кај сите видови електронска опрема, како што се компјутерите, аудио и видео опремата и др.

    Поради ова редуцирањето на доведениот напон до оптималното ниво предвидено за работа на сите овие уреди т.е.220V, ја подобрува нивната ефикасност и го продолжува нивниот работен век.

    Во земјите членки на Европската Унија, но и во другите развиени земји, голем број на компании од областа на трговијата, банкарството, малото стопанство, но и јавните установи и институции, интензивно ги инсталираат уредите за редуцирање на доведениот превисок напон, и постигнуваат забележителни енергетски и финансиски заштеди.

    Принципот на работа на овие уреди е многу едноставен. Базиран е на Омовиот закон , за меѓусебната поврзаност на напонот, струјата, отпорот и моќноста.

    Тој закон гласи :

    U = R x I

    каде: U = Напон ; R = Отпор ; I = Струја

    P = U x I = U 2 / R

    каде: P = Моќност

    Бидејќи ,отпорот не зависи од мали промени на напон, се смета дека е константен, па врз основа на погорните формули, намалувањето на моќноста е правопропорционално со квадратот на намалувањето на напонот.

    Ова навистина и се случува во пракса. Пример: во случај ако напонот изнесува 230V, наместо потребните 220 V, односно постои разлика од 4,5% или 1,045 пати повеќе од потребните 220 V, тогаш само со намалување на напонот од 230V на 220V, а имајќи ја во предвид горнате формули, се заштедува:

    (1,045 )2 = 1.09297 = 9,297 %

    Oва покажува дека, на пример за потрошувач од 3 kW, кој е предвиден да работи на 220 V (а такви се сите уреди што се употребуваат во домаќинствата и канцелариите), има отпорност од:

    R = U2/ P = (220 V) 2 / 3000 W = 16,133 Ohms

    Кога овој потрошувач, со своите 16,133 Ω, ќе биде приклучен на пример на 240 V, доводен напон тогаш тој ќе има моќност од :

    P = ( 240 V ) 2 / 16,133 Ω = 3570 W = 3,57 kW

    Користејќи го овој начин на пресметка, можно е самостојно пресметување на непотребната загуба, во енергија и во пари.

    Реномирана англиска фирма, чија дејност е напонската оптимизација,за поголеми корисници од територијата на Македонија кај кои се јавува проблемот на повисок доводен напон од стандардниот 220 / 380 V, изготвува безплатна анализа на трошоците / заштедите предизвикани од состојбата со повисокиот напон во нивните објекти . Во оваа анализа, се дадени вредностите на трошоците и очекуваната заштеда, преку намалување на месечните трошоци за потрошена електрична енергија, како и времетраењето на повратокот на инвестираните средства за набавка на соодветната опрема.

    Овој принцип на ефикасно искористување на електричната енергија со редуцирање на непотребно превисокиот доводен напон и негово одржување на номиналното ниво , првпат е патентиран и технички изведен во Јапонија . Сега, во цел свет е применет како најлесен, најефтин и најефикасен начин за зголемување на електро-енергетската ефикасност на објектите.

    За големите индустриски потрошувачи , овој принцип на редуцирање на доведениот напон , е применет но во пософистицирана форма.

    Имено, американската агенција за вселенски истражувања НАСА ,согледувајќи ја можноста за огромни заштеди на ел.енергија во индустријата, (а каде електричните мотори се најголеми потрошувачи на ел.енергија),и која е корисник на над 70% од светски произведеното количество ел.енергија, патентира и исфрла на пазарот уред, кој не само што го редуцира , туку уште повеќе, го оптимизира т.е. дотерува , доведениот напон кон ел.мотор на точно одредено ниво со кое тој може да даде точно толку енергија , колку во тој момент му побарува погонуваната машина (на пр. компресор, пумпа , вентилатор, дробилка,мешалка и сл.).

    Ова оптимизирање на напонот се врши во стоти дел од секундата и овозможува користење само толку електрична енергија, колку во тој момент и треба на машината.На тој начин , веќе не постои расфрлање и непотребно превземање вишок на ел.енергија , која ,кога не би било ова оптимизирање на напонот, се претвора во непотребно загревање на ел.моторот. Затоа моторите приклучени на вакви уреди не загреваат повеќе од 30-тина степени целзиусови.

    Овој начин на оптимизирање на работата на ел.мотори е посебно корисен , во случаевите каде се јавува предимензионираност на ел.мотор во однос на машината. Ова многу често се случуваше во досегашната пракса , кога проектантите предвидуваа вишок “резерва” , за секој случај. Овде , овие уреди ја подесуваат моќноста на моторот , а со тоа и потрошувачката на ел.енергија, кон потребите на машината.

    Овие уреди веќе можат да се набават и во Македонија , а како средства со кои се зголемува енергетската ефикасност на фирмите , се опфатени и од кредитните линии што можат да се добијат од Европските фондови преку Македонската Банка за обнова и развој.

    Подготвил:

    Дипл.ел.инж. Максим Гонев

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency