Во организација на Фондацијата за Ново образование и бизнис, во Битола се одржа дводневна работилница на тема Енергетски ефикасни услуги на локално ниво. Работилницата беше одржана во рамките на проектот кој за цел има ја подобри енергетската ефикасност при извршувањето на јавните услуги на локално ниво преку процес на обука и техничка помош на раководители од локалната самоуправа за можностите и начините за вложување во проекти од областа на енергетска ефикасност.
Предавачите на оваа работилнаца беа: мр Тодор Милчевски асистент на факултетот за Бизнис економија, Здравко Стефановски дипломиран машински инженер од Светска банка и мр Горан Ковачевиќ од италијанско министерство за животна средина.
Првиот ден на работилницата беше посветен на дефинирање на самиот концепт на енергетската ефикасност и каде се енергетските загуби во објектите. Покрај ова прикажан е и практичен пример на примена на концептот на енергетска ефикасност во еден школски објект.
Вториот ден на работилницата беше посветен на искористување на обновливите извори на енерија во Македонија. Подетално беше претсавена соларната централа во Гермијан, како и потенцијалите на ветерната енергија., геотерналната и енергијата на биомаса и биогас. Во овој дел е претставен пример на фабриката за хартија од Кочани, кеде што се искористи енергијата на биомаса за добивање на техничка пареа. На крајот се прикажани можностите за финансирање на проекти од областа на енергетска ефикасност, од комерцијални кредитни линии па се до можности за добивање на грантови.
Сите учесници на работилницата добија прирачник за енергетска ефикасност во објекти. Истиот можете да го преземете во електронска форма на следниот линк