Истражувачите на Државниот Универзитет на Аризона откриле ново кристално соединение кое има голем потенцијал за употреба во многу нови технологии, вклучувајќи ги силициумските соларни панели.
Материјалот ербиум хлорид силикат е направен после синтетизирање на ново соединение на ербиум во форма на монокристална нано-жица што има далеку подобри својства во споредба со ербиумовите соединенија во друга форма. Инаку ербиумот е доста редок елемент во природата.
Самостојно, силициумот не ги апсорбира сончевите зраци со бранови должини поголеми од 1.1 микрометри, што претставува големо количество неискористена енергија. Но ербиумот има својство да претвори два или повеќе фотони кои носат помала количина на енергија во еден фотон кој има голема енергија.овој еден, но помоќен фотон има бранова должина која овозможува да биде апсорбиран од силициумот, зголемувајќи ја со тоа ефикасноста на соларната ќелија.
Материјалите направени на основа на ербиум можат да го апсорбираат и ултравиолетовиот дел од спектарот на сончевата светлина, бранови должини кои обичено се неискористени од страна на конвенционалните соларни ќелии. Ербиумот може да ја претвори ултравиолетовата светлина во фотони кои ќе може да бидат апсорбирани од силициумските соларни ќелии и претворени во електрична енергија.
Според стручњаците од Универзитетот, новото соединение ќе може да се користи и во равојот на новата генерација на компјутери, да го зголеми можноститет на интернетот, да го подобри квалитетот на технологијата за сензори и да ја зголеми ефикасноста со која силициумските соларни ќелии ја претвораат сончевата енергија во електрична.
Во новото соединение кое го открија научниците од Државниот универзитет на Аризона ербиумот е претставен како дел од еднокомпактно соединение кое дозволува постепено зголемување на бројот на атоми на ербиум во него, што од друга страна овозможува подобри оптички својства на материјалот и пропуштање на повеќе светлина.