Енергетскиот форум на Организацијата на ОН за инудстриски развој (УНИДО) е отворен утрово во виенската палата Хофбург.
На почетокот на тридневната конференција на учесниците им се обрати поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој за време на политичката кариера особено се залагаше за еколошки и енергетски теми.
На конференцијата, која завршува во четврток, над 1.000 учесници ќе разговараат под мотото „Енергија за сите – време за акција“, за различни енергетски теми.
Меѓу говорниците на собирот се министри, експерти, претставници на енергетски картели како што е Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК).
Преземено од:КУРИР