About the author

Related Articles

9 Comments

  1. 1

    Igor

    „фотоволтаични панели (не мора да е јасно туку и преку облаци) обезбедува топла вода за потребите на едно домаќинство“

    фотоволтаични панели – топла вода!?

    Дајте бре не тресете вакви зелени, не знам дали тој што ја пренесувал веста нема појма или „експертов„ е лудница.

    П.С.: Молам дефиниција за „хибридна куќа“

  2. 2

    Игор Мишевски

    Игор,

    Најпрвин ти благодариме на коментарот. Инаку текстот е превземен во целост од Тера Телевизија и како таков е пренесен тука.

    Инаку нема ништо чудно фотоволтаици кои произведуваат струја да бидт користени (поточно струјата) да се користи за затоплување на вода, иако истото не е баш енергетски ефикасно (се губи енергија при конверзија од електрична во топлинска.

    За поимот „хибридна куќа“ кој исто е превземен, исто така не можеме да коментираме.

    Поздрав

  3. 3

    Dejan

    Се согласувам со Игор. Лудо е енергијата од фотоволтаиците да се складира и потоа да се користи за загревање на вода.

  4. 4

    Igor

    Ја прочитав изворната вест на страницата на ТВ ТЕРА и очигледно е дека новинарот погрешно ја разбрал и пренел (што уште еднаш ја докажува потребата од обука на новинарите за оваа проблематика).

    А поимот „Хибридна куќа“ сеуште не ми е јасен, претпоставувам сопственикот мислел на „Пасивен“ или „Интелегентен“ објект, иако објектот по дефиниција не е баш тоа.

  5. 5

    Дејан

    Бидејки бев таму знам што сакаат да кажат луѓето (а како е пренесено на Тера е друга прикаска).

    3 различни системи за обновлива енергија – Ветерна енергија (ветерница) за производство на електрична енергија, Сонцева енергија со фотоволтаични панели за производство на електрична енергија и сончев колектор систем со вакуумски цевки за топла вода.

    Бидејки лугето не живеат таму, и им служи како викендичка повеке, електричната енергија што се складира во батериите а не се троши мора да се потроши некаде. Они го смислиле системот да греат вода во бојлерот со вишокот електрична енергија што се појавува (покрај греење вода со сончевиот колектор) и сето тоа во ист бојлер да се случува.

    Куќата има автономија за електрична енергија 3 дена доколку случајно снема ветер и сонце (што ретко се случува).

    Браво за подвигот на инвеститорот.

    (поимот хибридна куќа го користат бидејки користи хибриден систем за снабдување со електрична енергија (ветерница и фотоволтаици) и топлинска енергија (струја и сонце)

  6. 6

    Душко

    Може ли некој (доволно упатен) да каже, колку трошок би претставувала една ваква инвестиција за енергетска независност од ЕВН.
    Посебно затоа што деновиве ЕВН ги дуплира цените за поставување нов приклучок односно приклучување кон нивната енергетска мрежа на новите објекти и сега барат над 1000 евра за приклучок. Од друга страна пак, веќе бараат и за помошните објекти кои се користат (како гаражи, помали складишта, плевни и друго) во земјоделието, и за нив да се обезбеди посебен приклучок за секој објект. Колку би било потребно да се постават панели, која е нивната цена со монтажа (вградување), ветерница + колектор , за непречено да функционират куќните апарати и потребите на едно домаќинство. Пример да речеме за објект од 80-120 квадрати.
    Поздрав.

    1. 6.1

      Димески Звонко

      @Душко , да пробам јас да ти одговорам …
      Ако е точно тоа што го велиш за новата цена на приклучок , баткиве од ЕВН збеснале , па веке не знаат што прават.Ама кога нашле село без кучина , ке прават што сакаат…
      Повеке пати сум напоменал , да ако ВЕКЕ имате приклучок од ЕВН дома , тогаш струјата добиена од соларни фотонапонски панели ( а верувам и од др. „зелени “ извори на енергија ) е ПОСКАПА од таа што ја имате од ЕВН
      Но само за домаќинствата !!! Индустриските објекти трошат дупло поскапа струја и за нив веке се исплати поставување на соларен фотонапонски систем .Се разбира , не некои големи капацитети со огромни ел.мотори или топење на руда , ами помали капацитети како кафеани,продавници,магацини , мали погони и сл.
      Ова е заради големината на акумулаторските батерии и инверторите кои ке треба да се предимензираат заради големите мотори на пр.
      Кај куките се исплати да се користи енергијата за осветление и мали потрошувачи , како фрижидери , компјутери , хидрофори, телевизори , сателитски антени , ДВД и слично , н о не и за греење на вода , на пример, загревање/ладење на простории , готвење и слично…
      За помошните простории што ги наведе, слободно постави некој од моите комплети за викендици , со еден или повеке панели и си го решил проблемот. Помалку ке те чини отколку приклучокот од ЕВН ,а струјата ти е бесплатна , без РТВ претплата , улично осветление и слични арачи..
      Поздрав и секое добро

  7. 7

    Dimeski Zvonko

    Мала дигресија што нема врска со натписов , но ги додефинира луѓето од ЕВН..
    https://www.evn.mk/SpecialPages/Suche.aspx?Term=nov+priklucok , ако погледнете добро БАРАЈ е напишано на бугарски … Јас мислам дека недозволиво е вакви ситни провокации да прави ваква приватна странска фирма .
    Им испратив е-маил заедно со слика од страната , баш да видам кога и дали ке го изправат..

  8. 8

    Robin

    Здраво на сите,

    Ретко се јавувам да коментирам, но сега почувствува потреба да дадам некои информации кои се надевам ќе бидат од корист на сите заинтересирани.
    Јас сум сопственикот на фирмата АРЕСЕ Солушнс од Скопје, која го димензионираше , проектираше и изведе системот во куќата во Братиндол.
    Дејан е апсулутно во право во поглед на објаснувањата поврзани со објектот и системот.
    Душко, големината на објектот нема никакво влијание на димензионирањето на системот, битни се потрошувачите и нивното користење. Само на тој начин може да се димензионира оптимален и функционален систем. Готовите конфигурации се во ред, но не секогаш, бидејќи најчесто системот е или предимензиониран или не може да ги задоволи на најосновните потреби. Има случаи каде што некои “фирми” или “стручњаци” тврдат дека со систем од 2kW можеш да се грееш (замисли еден греач од 6kW кој работи 6~7 часа на ден и колку енергија е потребна за тоа, по после види дали во текот на зимскиот период можеш со 2kW да ги задоволиш тие потреби). За твоја информација целата инвестиција (дизајн, набавка, инсталација, конфигурација) на системот за куќата во Братиндол изнесуваше под 65% од износот кој беше побаран за да се обезбеди напојување од мрежа, или во превод 65% од 20.000 ЕУР. Притоа во предвид треба да се земе дека опремата е набавена на крај од 2010 и почеток на 2011 кога опремата беше барем 2~3 пати поскапа во однос на сегашниве цени.
    Звонко е во право кога советува делумна автономија на дел од потрошувачите во домот (расвета, фрижидер, компјутери, останати мали апарати) за кои постои економска оправданост да се напојуваат со мал фотоволтаичен систем. До сега имаме реализирано бројни такви проекти.
    За повеќе информации, обатете се кај мене на мојата е-пошта или преку контакт формата на нашата интернет страна.
    Чисто информативно, системи составени од брендирани компонети (панели, инвертор, контролер и аку-батерии) почнуваат од 600~700 ЕУР па нагоре, во зависност од бројот на потрошувачите, типот, моќноста, времето на користење и сл. Кај хибридните системи е малку поразлично пред се поради типот на ветерница и столбот за монтажа.
    Како и да е за повеќе информации, контактирајте ме.
    Поздрав!

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency