Германски и норвешки енергетски компании ги обелоденија плановите со кој што планираат да потрошат 1,5-2 милијарди евра за изградба на 1,4 GW на подморски енергетски кабел помеѓу Германија и скандинавските држави и на таков начин ќе ги зголемат своите капацитети за скоро 50%.
Конечната одлука за заедничкото инвестирање ќе биде донесена до 2014 година, а вкупната инвестиција, доколку се одобри, ќе биде завршена до 2018 година. Норвешкиот оператер на електричната енергија Statnett, како и германскиот оператер TenneT, постигнаа иницијален договор со германската KfW банка, која што треба да го осигури финансирањето.
Во рамките на проектот, норвешкото производство на електрична енергија од нивните хидроцентрали, ќе биде поддршка на германското производство на електричната енергија од обновливите извори – сонце и ветер. Од друга страна Норвешка ќе има дополнителна придобивка во регулирањето на снабдувањето на електричната енергија во време на помало производство на истата од нивните хидроцентрали. Германија е веќе поврзана со Шведска и Данска по пат на два далноводи со вкупен капацитет од 2365 MW. Покрај поврзувањето со Германија, Statnett најави планови со кој што се планира поврзување со Велика Британија до 2020 година.