С.А.Д. заедно со други држави, планираат инвестирање на огромни количества на пари во изградба на нови ветерни турбини со кој што дополнително ќе се подобри искористување на овој вид на обновлив извор на енергија.
Според голем број на извори, само С.А.Д. можат до 2030 година да инсталираат 170 илјади ветерни турбини. Но и покрај тоа што овие бројки делуваат ветувачки, доколку подобро ги анализираме работите, сликата и не е толку оптимистичка.
Имено со инсталирањето на толку голем број на ветерни турбини, ќе се создадат големи количества на отпад, бидејќи само во С.А.Д. на годишен ниво се менува 34 илјади перки кој што се депонираат на локалните депонии, додека доколку работите ги гледаме на глобален ниво, оваа бројка иди и до преку 150 илјада перки. Доколку имаме во предвид дека секоја перка има просечна должина од 60 метри и тежи околу 18 тони, можете да пресметате дека се работи за огромни количества на отпад.
Конвенционалните перки се во најголем број произведени од стакло-пластика и од други материјали кој што не се многу „eco friendly“ материјали – не можат во целост да се рециклираат. Поради тоа голем број на перки завршува на депонии, како суровина за производство на електрична енергија (се палат) или како изолационен материјал во градежната индустрија.
Американскиот National Science Foundation, поради горе спомнати причини, одлучи да го финансира тимот на научници од Универзитетот во Вичита, кој што треба да пронајде биолошки алтернативи кој што ќе ги заменат класичните материјали кој што се користат за изработка на перки на ветерните турбини. Најмногу се експериментира со целулозни влакна и со биопластика која што може да се добие од масло на соја, лен или некој други масла.
Доколку оваа технологија се покаже како успешна, истата ќе може да се искористи како материјал за изработка на бродови, базени, каде, столици и за други производи кој што досега се произведуваа од стакло-пластика.
Извор:ekokuce.com