Како што тврди Френк Шетлер, енергетски експерт вработен во Сименс, до 2015 година постоечката европската електро мрежа ќе го достигне својот максимум.
До 2020 година 20 проценти од енергијата која што ќе биде потрошена од страна на граѓаните од Европската Унија би требало да биде произведена од обновливи извори на енергија. За реализација на оваа цел не е доволно да се изградат нови сончеви централи, ветерни паркови или пак централи кој што користат биогас или биомаса. Без квалитетни жици, поточно без квалитетна електро мрежа, која што ги поврзува производните капацитети со крајните корисници , тие високо поставени цели никогаш нема да бидат реализирани, а состојбата на европската енергетска мрежа е во критична состојба.
Според последните извештаи на Европската асоцијација на оператори на дистрибутивни електроенергетски мрежи, во Европа постои минимум 10 кризни точки кој што мораат да бидат исправени или пак надградени. Исто така, се предвидува дека во наредните 10 години е потребно да се изгради 51.500 километри на нови високонапонски далноводи , за да се овозможи развој и искористувањето на обновливите извори на енергија. Се работи за голем предизвик, финансиски и стручен. Имено во Асоцијацијата предвидуваат дека во наредните 10 години ќе се потроши околу 100 милијарди евра на развој на европската дистрибутивна мрежа и уште 750 милијарди до 2030 година.
Ова се големи инвестиции и поедини држави членки на Европската Унија не ќе можат да го финансираат овој неопходен проект. Од таа страна во самата ЕУ се размислува за создавање на посебен европски фонд, кој што ќе ги финансира инвестициите во енергетската дистрибутивна мрежа. Без овие инвестирања и самиот план 20х20х20 не ќе може да се реализира, поточно сите планираните цели паѓаат во вода , поточно така наречената „ниско јаглеродна“ енергетика нема да биде возможна. Имено најголемиот проблем во поголемата имплементација на обновливите извори на енергија во енергетскиот систем претставува нивната „нестабилност“.
Ветерните турбини произведуваат електрична енергија додека има ветер, а кога го нема, нема ни електрична енергија. Па така се случува да тие произведуваат големо количество на електрична енергија во периодот кога нема голема потрошувачка на електрична енергија. Сончевата енергија е „предвидлива“, но никогаш не може да ја покрие поголемата ноќната потрошувачка.
Овие минуси до сега се покриваа со електрична енергија која што е добиена од термо централи, централи кој што користат фосилни горива. Но бидејќи оваа производство има негативни влијанија (економски и еколошки) експертите сметаат дека овие минуси ќе можат да се покријат преку создавање на голема европска супер мрежа која што ќе го дистрибуира вишокот на енергијата од еден до друг крај на ЕУ.
Така на пример, доколку се изградат планираните сончеви централи, лоцирани во јужниот дел на Европа, вишокот на произведената енергија, може да се искористи за полнење на реверзибилни хидро централи кој што се лоцирани на скандинавскиот полуостров. Но за ова е потребна квалитетна електро мрежа.
„До 2015 година постоечката електро мрежа ќе го достигне својот максимум и новите развојни планови ќе станат реалност. Ние всушност, веќе ја имаме технологијата која што е потребна за создавање на европската супер мрежа, но она што е потребно да се направи е ускладување и поставување на стандарди помеѓу националните оператори. Таа регулаторната проблематика е предуслов за имплементирање на нови технологии.“ изјави Шетлер
Но покрај големи инвестиции во преносниот систем, потребно е да се инвестира и во создавање на капацитети за складирање на енергија – втор битен сегмент на развојот на европската зелена енергетика. Досега реверзибилните хидро централи беа главни објекти за складирање на вишокот на енергијата. Но изградба на вакви објекти има негативно влијание на животната средина, па така постои идеа за изградба на подземни складишта на компримиран воздух. Но пак без разлика каков вид на системи за складирање на енергија ќе бидат развиени, сето тоа паѓа во вода доколку не се создаде координиран модерен систем на дистрибуција – вистински темел на европската зелена енергетика.
Извор: vecernji.hr