Бугарската влада потпиша неколку договори, со кои што ќе се доделaт парични средства за подобрување на енергетската ефикасност на зградите.
Бугарската влада потпиша неколку договори, со кои што ќе се доделат парични средства за подобрување на енергетската ефикасност на зградите. Премиерот Бојко Борисов, изјави дека со овие потпишани договори 243 згради ќе добијат 47 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност, која што е единствено решение за избегнување на плаќање на големите енергетски трошоци. Според него, со вградување на овие нови фасади, ќе се намали потрошувачката на електричната енергија за околу 30% – електрична енергија произведена од 1,5 нуклеарен реактор. Направените пресметки покажаа дека е подобро да се инвестира од 50-150 милиони евра во енергетска ефикасност, која што ќе донеси дополнителни работни места, отколку да се инвестира 10 милијарди евра во нуклеарна централа.
Истовремено, Дељан Добрев министерот задолжен за стопанство, енергетика и туризам, најави дека цената на електричната енергија добиена од сонце и ветер ќе се намали за 30%. Тој изјави дека цената на електричната енергија добиена од овие извори веќе се има намалено во јули месец за околу 50%. Со усвојување на новите амандмани на Законот за енергетика, се овозможи изменување на цените на електричната енергија добиена од обновливи извори, било кога во текот на годината. Со овај новиот начин на одредување на цени, се заштитува јавниот интерес и ќе ги смири инвеститорите во обновливи извори на енергија, кои што се навикнати на големи откупни цени.