Да ли имате слушнато за британскиот хотел Шард? Не? Се работи за највисок и сигурно најголем деловен и станбен центар во Европа. Неговата висина изнесува неверојатни 310 метри! Овој неверојатен комплекс е отворен пред скоро речиси еден месец – 5 јули. Сигурно е да еден ваков комплекс има големи енергетски потреби – како за греење/ладење така и за други енергетски потреби. Овие потреби се задоволени со инсталација на системот на гасна когенерација Jenbacher, дизајниран од страна на GE.
Системот обезбедува 1,13 MW електрична енергија и 1,19 MW топлинска енергија. Вкупната ефикасност на системот изнесува 85,3%, така да има минимални негативни влијанија на животната средина.
Индустриски комбинирани системи на производство на топлинска и електрична енергија (когенерациски CHP системи) стануваат се повеќе популарни во ЕУ. Конкретно со помош инсталираниот систем Jenbacher, корисниците остваруваат заштеда од околу 40%. Исто така овој систем ја намалува емисијата на CO2 и до 2,100 тони.
Шард не е само симбол на економската виталност на Лондон и Велика Британија, веќе е и добар показател на позитивните ефекти на CHP технологија. GE веќе испорача преку 800 Jenbacher когенерациски системи и тоа само во Велика Британија. Покрај спомнатиот хотел, овие системи се инсталирани и во двете најстари лондонски болници Guy’s Hospital i St. Thomas Hospital. Исто така овие системи се инсалирани во олимпискиот парк во Лондон, за да ги задоволат потребите на ладење и греење.