Американски истражувачи направија прототип на генератор кој произведува електрична енергија од отпадни води. Тимот од државниот универзитет на Пенсилванија кој стои позади овој проект тврди дека со овој уред ќе можи да се врши спонтано добивање на електрична енергија од отпадните води. Според нив со помош на нивниот уред многу земји во развој можат на лесен начин да дојдат до чиста вода и електрична енергија во исто време. Деталите за тоа како функционира целиот уред можат да се најдат на следниот линк.
Научници од Холандија се обидува да развијат еден сличен проект во обид да генерираат енергија од водите. Така тие се обидуваат да од местата крај морските брегови каде се меша благата вода на реките со солената вода на морето за да произведат енергија. Процесот кој го развиваа се вика реверзабилна електродијализа (reverse electrodialysis – RED). Свежата и солената вода се сместени во одделни комори каде се одвоени со помош на специјални мембрани. Како последица на тоа има појава на електрохемиски процес. Речиси во исто време и една Норвешка компанија работи на сличен проект.
Според Американскиот тим на истражувачи најголем проблеми со кој се соочува овој вид на технологија се големиот број на мембрани кои се потребни како и тоа што електраната би морала да биди сместена во морето. Според нив нивниот прототип ефективно се справува со овие два проблема. Со цел да се редуцира бројот на мембрани тие предлагаат да наместо досега кортистените мембрани да се користат т.н. Microbial fuel cells (MFCs), додека ако се комбинира нивниот прототип со раствот од амониум бикарбонат нема потреба од морска солена вода со што станува излишна потребата од морската вода и градење на електрани во самото море. Според професорот Брус Логан кој е главен истражувач за овој проект во Американскиот тим ова е еден од ретките проекти кој може да биде имплементиран насекаде во светот и дека покрај чистата вода нема причина зошто да не се произведи електрична енергија. Според него земјите во развој се тие кои би имале најголем бенефит од развојот на оваа технологија со оглед на недостатокот на чиста вода и електрична енергија во тие земји.