Во Македонија има голем број на еко клубови и невладини организации на кои заштитата на околината им е цел. Добар дел од нив се школски еко клубови, дел функционираат повремено, дел ги нема воопшто, додека само мал дел се активни преку целата година. Во текстот подолу накусо е опишано како во неколку чекори да се започне една организација или еко клуб.
- Кауза
Најдете некоја конкретна цел, некоја цел која сакате да ја постигнете а за која мислите дека треба да биди направено нешто без разлика дали тоа ќе биди клуб за заштита на околината, промовирање на енергетската ефикасност, обновливи извори, заштита на некој загрозен вид на животни, комбинација од споменатите работи и сл. Најдобро е да се “брка” некоја кауза која е од опшествен интерес во заедницата која живеете или на државно ниво. Поентата е дека организација која се бори за заштита на китовите во Македонија не би било најсреќно одбрана кауза со оглед дека тешко се оправдува опшествениот интерес во Македонија за еден таков проект.
- Регрутирање членови
Ова е веројатно најбитниот чекор во градење на една организација па макар и непрофитна. Ретко кој успеал сам да направи нешто. Многу организации започнале како идеја на неколку пријатели па прераснале во сериозни организации зад кои стојат голем број на квалитетни проекти. Доколку имате потреба од регрутирање на повеќе членови и активисти кои ги делат вашите ставови за каузата која ја промовирате интернетот е место каде најлесно се наоѓаат истомисленици. Социјалните медиуми и форумите се места каде најлесно можи да се регрутираат нови членови.
- Најдете место за состаноци
Едни од најголемите компании и организации се формирани во гаражи и дневни соби каде што се одржувани првите состаноци. Покрај тоа денес речиси во секое место има месни канцеларии кои повеќето денови се слободни а кои можат да се искористат за таа намена.
- Напишете статус
Статусот е веројатно најбитното парче хартија кое ви треба доколку еден ден еко клубот се регистрира како организација. Впрочем и да функционирате како неформална група имањето статус има голема важност и може да послужи како еден вид на патоказ за функционирањето на организацијата.
- Распределба на должности
Имањето структура и поделба на одговнорностите дава чувство на припадност на членовите и доста ги олеснува работите. Што подобро се распределени работите тоа полесно за вас како предводник на клубот.
- Направете веб страна
Денес е лесно да се изработи веб страна или блог а сето тоа со малку или бесплатно може да се направи. Уште полесно е да се формира група на Фејсбук или профил на Твитер со кој ќе комуницирате со своите следбеници и фанови. Со помош на WordPress Или Blogger лесно можи да се направи веб страна или блог кој не би заостанувал многу зад професионално дизајнираните веб страни.
- Проекти
За да се одработи еден проект нема секогаш потреба од големи финансии од некоја фондација или големи средства. Како пример едно организирано чистење на една дива депонија за кое воглавно треба само доволен број на луѓе и празни вреќи лесно може да се претвори во настан кој би бил покриен од некои медиуми или од заедницата. Така би се добила бесплатна промоција која значи многу за сите оние кои почнуваат. Секој кој на некој начин бил вклучен во градење на една организација знае колку се битни почетоците и колку значи промоцијата.
- Регистрирајте ја организацијата
До пред неколку години организација можеше да се регистрира за три – четири илјада денари, додека денес немаме бројка колку тоа изнесува со оглед дека законот за здруженија претрпе доста измени. Сепак не би требало да станува за многу поголема сум. Сума која можи лесно да се врати од првиот проект за кој би ви доделиле средства. Доколку сте регистрирани ја олеснувате во голема мера работата на сите оние кои сакаат да доделат средства за вашата организација или за фондациите кои доделуваат средства за слични организации.
- Здружување со други организации
Здружување со други сродни организации е доста битно за млада организација. Искуствата кои веќе етаблираните организации ги имаат се од непроценливо значење и можат многу да ви помогнат во зајакнувањето на вашата организација. За почеток присуствување на трибини и работилници кои најчесто ги организираат невладините е одличен начин за здружување и учење од нивните искуства.
- Аплицирајте за финансирање до разни фондови
Денес има голем број на фондови кои се отворени за финансирање на разни проекти кои се од опшествен интерес. За сите оние заинтересирани за аплицирање за финансиска подршка од странски фондови, фондот на обиденитете нации е нешто од каде што може да се почне. Таму има информации и линкови за донори за зелени проекти.
One Comment
Filip
Vi blagodaram za odlicniot napis. Vekje podolgo vreme imam idea za otvoranje na nevladina organizacija ili vakov eko klub. Bi vi bil blagodaren dokolku mi ispratite primerok od statut na nekoj eko klub ili podetalen sovet za nacinot na izrabotkata na stautut. Odnapred vi blagodaram.
Pozdrav,
Filip.