Мислам дека нема некој кој што ги нема видено ветерниците кој што се поставени во Северното море. Овие ветерници се високи дури 170 метри – 50 метри под море, а 120 метри над морската површина, додека перките на овие ветерници се долги и преку 100 метри.
Овие ветерници кој што Германците ги инсталираат на Северното море се изработуваат во Германија или во некој друга држава на ЕУ, а овие ветерници се изработени од машини кој што се направени туку во компанијата „Uniweld“ лоцирана во местото Камањ, Хрватска. Оваа успешна компанија 98% од своето производство го извезува на пазарот на ЕУ.
„Во текот на последните години успеавме да се позиционираме на европскиот пазар. Иако се соочуваме со силна конкуренција успеавме да го најдеме нашето место на овој пазар, па така денес конкурираме и на појаки и попознати компании.“
„Така на пример, успеавме да обезбедиме работа на оние зделки на кој што не бевме најевтини. Тоа значи дека сме веќе признаени на европскиот пазар. Се подразбира дека до ова не стигнавме преку ноќ, туку со години на тешта и упорна работа. Сите наши производи се ускладени со сите потребни стандарди и сертификати пропишани од страна на Европската Унија.“ изјави директорот на „Uniweld“ Фрањо Ференац.
Од 108 вработени 20 од нив се инженери. Во директното производство дури 90% од вработени имаат најмалку средна стручна спрема, а поголем дел од нив е помлад од 35 години.
За разлика од сериското производство, нашето производство по нарачка е посложено. Секој технички процес е специфичен и се разликува од претходниот. Освен со Европа, „Uniweld“ своите производи ги пласираат во С.А.Д., Виетнам, Јужна Африка…..
„Во текот на последната работа, испорачавме опрема за заварување и транспортна техника за фабрики во Германија кој што изработуваат столбови за големи ветерници која што се поставуваат во Северното море. Се работи за столбови кој што се наоѓаат околу 50 метри под вода, а над морето идат и преку 100 метри. Пречникот на овие пропелери е 120 метри, а во еден ветерен парк има 80 вакви ветерници.“, објаснува Ференац.
Во Хрватска се градат помали ветерници, но опремата и машините се набавуваат од други држави. Ференец смета дека и хрватските бродоградилишта можат да ги градат ветерните паркови.
„Во последните две години извезовме дури 50 шлепери со опрема за два бродоградилишта и за нивните партнери. Сметаме дека нешто слично можеме да направиме и во Хрватска.“, изјавува директорот на „Uniweld“, Фрањо Ференац.
Извор: vecernji.hr