Српскиот парламент вчера усвои Закон за ефикасно користење на енергија, кој што треба да даде поголем придонес кон зголемената сигурност на снабдувањето, намалувањето на увозната зависност, зголемувањето на конкурентноста на стопанството, како и зголемувањето на животниот стандард. Новост во законот е воведување на буџетски фонд за енергетска ефикасност, кој што ќе биде управуван од страна на ресорното министерство.
Парите од Фондот за енергетска ефикасност, ќе се доделуваат на јавните конкурси, а условот за инвестиционите проекти ќе биде енергетски преглед, односно елаборат за енергетска ефикасност.
Средствата од фондот ќе се искористат за финансирање или кофинансирање на проектите и активностите кој што се поврзани со поефикасното користење на енергијата.
Конкретно со парите од Фондот за енергетска ефикасност ќе се финансираат проектите кој што ја унапредуваат енергетската ефикасност во приватните, јавните и други објекти – замена и модернизација на котлите, топлинските подстаници, инсталација на системи за греење, внатрешното осветлување, како и користење на обновливите извори на енергија во индустриските и комуналните системи.
Примената на одредбите од новиот Закон за Фондот за енергетска ефикасност ќе почне од први јануари 2014 година
Со новиот закон, ќе се бара екодизајн, а енергетската ефикасност ќе се воведе како критериум во јавните набавки.
Покрај овие новитети, се воведува и организирано управување на енергијата, енергетски прегледи на објектите, означување на оние производи кој што имаат големо влијание на потрошувачката на енергијата, како и минималните барања во погледот на енергетската ефикасност.
Локалните самоуправи со повеќе од 20.000 жители, според новиот закон, ќе мораат да донесат програма за унапредување на енергетската ефикасност во транспортот за период од три години.
Законот воведува и парични казни во вредност од 5.000 динари (≈45 евра) до три милиони динари (≈27.000 евра) за кршење на законските одредби.
Со Законот за ефикасно управување на енергија се иди кон стратешкиот план и кон меѓународната обврска на Србија да заштеди најмалку 9% од финалната потрошувачка на енергија до 2018 година, а исто така се планира и намалување на емисијата на CO2 за 9% до 2030 година.
Потрошувачката на енергијата во Србија е зависна од увозот на енергенсите – дури 33,6% се увезува. Емисијата на штетните гасови, кој што поттикнуваат од енергетскиот сектор во Србија иди до 76%.