Малата компанија за биогорива Joule од Масачусец, САД, се здружија со германскиот производител на автомобили Ауди, со цел да го комерцијализираат нивното гориво добиено од јаглерод диоксид, а со помош на сончева светлина.
Во Joule развиле платформа за обновливи извори на горива наречена хелиокултура, која користи наменски создадени фотосинтетички микроорганизми за производство на дизел, етанол и останати хемикалии.
Соработката меѓу двете компании ќе се фокусира на производството на двете одржливи горива за превозни средства наречени Sunflow-E и Sunflow-D. Двете горива се наменети како замена за етанол и дизел горивата, соодветно. Според известувањето од Joule, за разлика од скапите биогорива кои се добиваат од земјоделски остатоци и биомаса, нивната хелиокултура платформа постојано и директно ги претвора сончевата светлина и CO2 во горива, вклучувајќи етанол и хидрокарбонати, кои се основниот составен елемент на дизелот. Сопствениот систем на компанијата SolarConverter го контролира целиот процес и постигнува продуктивност што е и до 100 пати поголема отколку кај методите кои зависат од биомаса.
Ауди ќебиде ексклузивен партнер на Joule во автомобилската индустрија, откако откако автопроизводителот увидел дека двете горива на малата американска компанија се во согласност со плановите на германскиот гигант за постигнување што е можно помала емисија на CO2 од нивните возила.
-Овој проект е кулминација на напредокот не само во нашата основна технологија, туку и во создавањето на систем спремен за комерцијална употреба во сите големини, тестиран и спремен за испорака – вели Вилијам Симс, претседател и извршен директор на Joule.
-Joules и нивните горива можат во крајна линија да овозможат одржливост во производството на горива, бидејќи нивниот високоефикасен процес ги користи емисиите на CO2, избегнува искористување на природни ресусрси и нема потреба од земјоделска биомаса и употреба на обработливо земјиште. Ова претставува идеалната одржлива платформа за горива која Ауди би можела да ја бара – рече Рајнер Манголд , главен за еколошко производство во Ауди.
Прв за комерцијална употреба ќе биде одобрен Sunflow-E, по цена од 1.28 долари за галон без субвенции. После тоа ќе следува комерцијализација на дизел горивото Sunflow-D, при што истото ќе може да се меша со обичен дизел во концентрација од 50% или повеќе. По сегашните параметри на технологијата на Joules, неговото производство би чинело по 50 долари за барел, без субвенции.