Алстом успешно ја испорача првата од 4 турбини за Xiangjiaba хидроелектрана. Турбината е со инсталирана моќност од 812 MW. Самата турбина тежи 406 тони, има обем од 10,5 метри и има висина од 4,7 метри.
Испорачената турбина е дел од проектот во кои учествува Алстом, каде со договор се обврза да испорачува неопходни делови за кинеската хидроелектрана. Договорот исто така опфаќа, покрај испораката на делови, обука, тренинг како и супервизија на инсталирањето на опремата во хидроелектраната.
Хидроелектрана се изградува на реката Jinshajiang, која е лоцирана во Yunnan провинција. Целиот проект кошта околу 6,3 милијарди долари, а по изградбата вкупната моќност на хидроелектраната ќе изнесува 6.000 MW. Со инсталираната моќност таа ќе биди трета хидроелктрана во Кина, одма по браната Три клисури и Хилуду браната.
Пвиот генератор ќе почни со работа во 2012 година, додека целокупната хидроелектрана ќе почни да работи со полн капацитет во 2015 година.