Можеме слободно да кажеме, дека секојдневно оставаме различни електрични уреди во така наречена „stand-by“ состојба. Но доколку ги собереме сите тие уреди, можеме лесно да пресметаме дека на годишно ниво губиме значајни количества на електрична енергија, а со тоа и пари.
Како што рековме сите ние имаме по некој уред кој што редовно го ставаме во „stand·by“ состојба, како што се на пример телевизори, компјутери и слично. Но иако ние сметаме дека ги исклучивме и дека тие не трошат електрична енергија, тие сепак трошат одредено количество на електрична енергија. Што мислете онаа црвено лампиче на телевизорот свети само од себе или сепак свети бидејќи користи минимални количества на електрична енергија.
Но не се само компјутерите и телевизорите тие кој што трошат минимални количества на електрична енергија. ДВД уреди, печатари дури и полначот за мобилните телефони троши минимални количества на електрична енергија дури и тогаш кога не ја полни батеријата на мобилниот телефон. Количеството на потрошената електрична енергија не е голема 10-15 вати по уредот. Но доколку во домаќинството постојат повеќе уреди кој што се во „stand-by“ состојба, тоа количество на потрошената енергија може да достигне и до 10% од вкупно потрошена енергија.
Но еве, подетално да видиме колкава е потрошувачката на електричната енергија на оние уреди кој што се во „stand-by“ состојба
Компјутер 5-100W
LCD телевизор 1-3W
Постарите телевизори 15 -20 W
Ласерски печатар 1W
Е сега оваа потрошувачка, помножете ја со бројот на часови кога овие уреди ја проведуваат во „stand·by“ состојба и лесно можете да ја пресметате годишната потрошувачка на електричната енергија на овие уреди.
Уредите кои што трошат најмногу електрична енергија кога се во „stand·by“ состојба се компјутерите, ласерските печатари, модеми, конвертери, радио и CD плеери, кафе апарати. Според некои пресметки овие уреди трошат околу 3500 kW/h на годишно ниво, или околу 7500 денари.
Како да ги намалиме овие загуби?
Првин што треба да направите е да направите список на оние уреди кој што ја имаат „stand-by“ функција. Создадете ја навиката да ги исклучите од штекерот секој пат кога нема да ги користите подолг период обично ноќниот период. Можеби на дневен и месечен ниво паричните заштеди не се големи, но како што можевте да видите на годишно ниво заштедите не се безначајни.