Дали соларните колектори можат да бидат засолниште за инвеститорите, во време на економска криза? Ворен Бафет мисли дека можат.
Блумберговото одделение за „чиста“ енергија даде проценка дека инвестициите во овој сектор треба да достигнат цифра од околу 500 милијарди долари годишно до 2020 година, а сè со цел контролирање на емисијата на стакленички гасови. Инвестициите во „чиста“ енергија во 2010 година изнесуваа околу 243 милијарди долари, а минатата година беа вложени рекордни 260 милијарди долари. Производството на соларната енергија во последните 5 години и понатаму остана најатрактивна област за вложување, која што собра најголем број на инвестиции.
Но и покрај овие големи инвестиции, минатата година не беше исплатлива за инвеститорите кои што одлучија да ги задржат акциите на оние компании кои што се занимаваат со соларна енергија. Имено, во текот на 2011 година Блумберг соларен индекс, кој што ги опфаќа акциите на 17 најголеми компании од овој сектор, изгуби 2/3 од својата вредност!
Бајката се заврши за две американски компании кои што беа поддржани од страна на државната администрација – прво банкротира Solyndra, производител на соларни панели, иако го користеше државниот заем во износ од 528 милиони долари, а потоа пропадна и Evergreen (иронично?), уште еден производител на соларни панели кој што е потпомогнат од страна на државата во износ од 450 милиони долари. Најголемиот европски производител на соларни панели, германски Q-Cells, пред крајот на минатата година се најде во тешки финансиски проблеми, бидејќи не успеа да ги исфинансира своите обврзници. Нивниот главен проблем сепак беше конкуренцијата од Кина, која што ги има преполовено светските цени на соларните панели.
Од една страна, намалување на цените на соларните панели значи дека нивното производство во С.А.Д. и во Европа тешко дека ќе може да опстани, но тоа од друга страна, не значи дека побарувачката за соларната енергија ќе се намали. Само Индија планира до 2020 година да обезбеди 20,000 мегавати на електрична енергија произведена од соларна енергија – доволно за снабдување на 20 милиони семејства со електрична енергија. Поевтинувањето на соларните панели значи и помали трошоци на набавка на истите, како и пониски трошоци на производство на електрична енергија. Индија не ги користи кинеските панели, но сепак ќе профитира поради падот на цената. Индија соларните панели ќе ги набавува од американската компанија First Solar, истата компанија од која што Ворен Бафет ја купи Topaz Solar farm во Калифорнија, електрана која што треба да обезбеди 550 мегавати на соларна енергија до 2015 година (доколку се изгради).
Извор: Екологија
4 Comments
Devil
Почитувани,
Пред некое време зборував со еден професор по практична настава (електроника и телекомуникации) и ми спомна нешто, ама не беше сигурен па сега јас ќе ви го поставам Вам истото прашање, па доколку имате повеќе информации би било добро доколку ги споделите.
Се работи за следното, наводно царината за набавка на фотоволтаични панели била исклучена, поточно не се наплаќало царина за набавка на опрема за обновливи извори на ел. енергија, е сега јас колку што успеав да најдам на интернет тоа важи само ќелиите (цели панели де), а не и за инверторот и дополнителната контрола на полнење на акумулаторите (можеби нема царина и за системите за топла вода и ветерниците, незнам, мене ме интересира добивката на ел. енергија со помош на фото панели).
Сакам да набавам од странство фото ќелии, сам ќе си ги составам дома и ќе си направам контрола за полнење и инвертори (го имам потребното знаење за тоа, не е проблем). Па ме интересира дали сте запознаени околу тоа како се движат тие ослободувања од плаќање на царина, каде тоа е објавено, дали го има во службен весник и слично.
Благодарам
Devil
Македонски Форум за Електроника
Игор Мишевски
Здраво,
Царинскиот тарифник може да го најдета на https://www.customs.gov.mk/ или точно да пребарувате на https://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=61
Тарифна ознака за сончевите 8419 19 00 10, нивната царинска стапка е 0% а ДДВ – 5% (и ДДВ се плаќа при увоз)
Батериите немаат повластена царинска стапка, додека за инверторите не сум сигурен.
Lovro
toa e definirano za soncevi kolektori a konkretno za fotovoltajci ne moze da najdam
Dimeski Zvonko ; mfc-solar
Иако со закаснување да му одговорам на @Devil, според моите искуства со Царина…
Соларни келии се царинат со 0 царина и 18% ДДВ
Инвертори и контролери со 15% царина и 18 % ДДВ
Готови соларни фотонапонски панели не постојат во Царинскиот тарифник ( барем јас ги нема досега сретнато ) и само од цариникот зависи дали ке ги стави во соларни колектори за топла вода .
Поздрав и секое добро