Колекторите се еден од најбитните делови од сончевите системи за затоплување на вода. Иако врз основа на различни принципи во физиката постојат најразлични модели на сончеви колектори, почнувајќи од интегрирани системи, системи со параболични огледала и многу други, сепак најкористени колектори кај нас и пошироко се рамните колектори и колекторите со вакумски цевки.
Рамни колектори
Колекторот со рамна површина во суштина е спој од спирала (или мрежа) од цевки со мал профил, поставени на бакарни аспорбери, при што четирите ѕида и основата на колекторот се изработени од алуминиум, а горниот дел е покриен со зајакнато нерефлектирачко стакло.
Бакарните цевки се залепуваат на бакарните плочи – апсорбери и се обложени со високо апсорбирачка боја, со што се зголемува ефикасноста на трансформација на сончево зрачење во топлинска енергија. Дијаметарот на бакарни цевки е од клучно значење за пренос на топлината и следствено на тоа, на ефикасноста на системот.
Водата поминува низ серија на бакарни цевки во внатрешноста на колекторот, каде што топлината се пренесува од апсорбирачките плочи на водата. Рамните колектори се користат доста често кај пумпните системи, но има рамни колектори кои се добро прилагодени за термосифонски системи каде протокот на вода е вертикален со што се задоволува принципот на проток на водата со различна густина, од горе, на долу.
Вакумски цевки (вакумски колектори)
Вакумските цевки (Evacuated Vacuum Tubes – EVT) – колекторот е составен од голем број на вакумски стаклени цевки, кои се поврзани во колектор, преку кој водата минува низ секоја цевка и водата се затоплува како што патува преку колекторот.
Бројот на стаклени цевки кои се користат варира во зависност од големината на системот. Општо земено, за домашна примена од една цевка треба да се загрее околу 10 литри капацитет на вода во резервоарот.
Евакуиранате цевка е направена од две концентрични стаклени цевки. Помеѓу цевките постои вакум кој ја изолира внатрешната цевка со што се намалува загубата на топлина.
Внатрешната стаклена цевка е обложена со индустриски апсорбирачка глазура која го претвора УВ зрачењето во топлинска енергија и ја задржува енергијата. Кружните облици на цевките овозможуваат во секој момент на поставеноста на сонцето да апсорбираат максимум сончева енергија, бидејќи сонцето во секој момент ќе биде поставен под 90 степени во однос на цевката.
За колекторите со вакумски цевки, дебелината на надворешната стаклена цевка треба да биде минимално 2,0 мм. Оваа спецификација е да се обезбеди колекторот да не се оштети во екстремни услови на град. Системите со вакумски цевки во Македонија најчесто се дел од термосифонски системи, но можно е да се користат и како дел од пумпни системи.
Предности и недостатоци на двата типа
Рамни колектори | Вакумски цевки | |
Предности | Добро досегашно искуствоДолговечна технологијаИспитани колектори дури и од домашно производствоОтпорни на кршење | Поголема ефикасностПоголеми разлики во однос на амбиенталната температураПомала потребна површина |
Недостатоци | Бавно постигнуваат повисоки температуриПомала ефикасностНамалена ефикасност наутро и навечер
Помала ефикасност во зима |
Нова технологијаКраткорочностПроблем со намалување на вакумот
Кршливост Неиспитан квалитет на достапни колектори |
11 Comments
sasko
dali se radioaktivni tie sto gi velime kaj nas kineski kolektori ,vakumskite cevki mislam deka znaete za koi velam ne za ramnite.pozz
Игор Мишевски
Здраво Сашко,
Кај нас во Македонија се среќаваат системи од кинеско производство кои се со послаб квалитет, но до сега немаме слушнато дека се радиоктивни. Во секој случај ти препорачуваме доколку набавуваш вакви истеми да бараш и соодветни сертификати за вакумските колектори (има во македонија и квалитетни колектори по пристапни цени).
Поздрав
Nikola
Jas stvarno ne znam sto gi reklamirate tolku vakumskite kolektori, ova kinezive ni pustija voska i sega se atrakcija, sporedete samo pad na vakum, krslivosta i site ostanati parametri za deset godini pa ce vidime koi se poisplatlivi, podobro ednas plati posoleno otkolku sekoja godina da doplajkas, a baska toa sekoe kacuvanje na krov snosi svoja odgovornost, Pozzz od Nikola, dipl. el. inz.
Предраг Стојковски
Здраво Никола,
Благодарам на коментарот.Како што и самиот наслов на текстот зборува, се опишуваат основните карактеристики на двата модели – рамни и со вакуумски цевки, како и нивните предности односно недостатоци – поточно не се форсира ниту еден систем. Врз основ на тоа секој си има право да си одбери систем според буџетот поевтин и со помал животен век или поскап и поквалитетен – колку пари толку музика 🙂
Поздрав!
Lovro
Kolku za informacija vakumskite kolektori se proizveduvat i kaj nas vo Skopje , vo” Plazma” so vrven kvalitet so dobieni Evropski certifikati, odlicni ocenki od razni instituti vo Germanija i t.n malku se poskapi od kineskite po moe viduvanje se podobri od plocestite , koj isto taka se proizveduvat vo Plazma, a za tehnicko objasnuvanje treba malku povece prostor.Sigurno ne se radioaktivni isto kako i plocestite imat isti premazi, i ne sirite takvi glupavi glasini.
qwerty
Колектор со вакумски цевки користам 7 години кинеско производство и засега сум премногу задоволен во однос на ефикасноста ефектино користење имам повеке од 10 месеци годишно што е за почит во зимата т.е во најсуровите месеци декември-јануари просек ми достигнува температура околу 30 степени што со мало догревање имам топла вода, што е голема разлика во однос на загревање на водата од водоводот која е некаде околу 10 степени
Nikola
Дали може да се добие информација каде што ќе можам да видам како би направил котел за парно сто ќе работи на пелевина, со што би го намалил буџетот за греење за идната година. Поздрав и секоја чест што и кај нас се доби страна каде отворено може да се разговара како би се заштедило на струја.
slavco
dali moze na postoecko parno na drva ili na nafta, da se prikluci soncev kolektor so pumpen sistem i kolkav bi bil benefitot od toa vo zima.
Дарко
Почитувани,
ме интересира во однос на вакумските сончеви колектори прочитав дека недостаток на овој тио на колкестори е губењето на вакуум… што веројатно ја намалува неговата ефикасност бидејки доаѓа до губење на топлина – дали постои начин ова да се санира во долгорочното користење ( пр. на 3 години да се направи некоја минимална санација – како што на пример во климите се менува фреон ) ???
Горан
Здраво
Во една од вашите статии пишувате за домашна изработка на соларен колектор, и потребни се бакарни плочи. Па би сакал да ве прашам доколку имате сознанија, каде би можел да ги најдам овде кај нас во Македонија.
Благодарам
Agron
Dodar den,kako treba da se cuvat vakumskite kolektori (cevki) vo zimska sezona ? Dali mozat da pukat od mraz? Pozdrav