Пред 3 години локалните власти во австриската покраина Тирол, нарачаа истражувачки проект, кои што требаше да ги докаже вистинските добивки на пасивната градба. За таа намена е изградена комплетна станбена населба. Населбата е изградена според строги критериуми на пасивната градба.
По 9 месечни мерењеа, зменикот на гувернерот и локалниот министер за заштитата на природната околина и енергетика Anton Steixner изјави:
– Проектот на пасивната ќука успешно го помина тестот на нејзината практичност. Неверојатно ниска потрошувачка на енергија, како и високото задоволство на корисниците на овие куќи ги надмина сите нашите очекувања. Потрошувачката на енергијата во вкупно 354 пасивни станови изнесуваше ¼ во споредба со објектите изградени според постоечките стандарди.
Австриската станбена населба „Lodenareal“ изградено е со цел да се остварат ниски трошоците на греење како и да се оствари квалитетно живеење. Она што охрабрува е да самата технологија на изградба на пасивни објекти станува сè поевтина. Како главниот недостиг на пасивните куќи се спомнуваа високите трошоци на нивната изградба – 10-20% за разлика од класичниот објект. Трошоците на изградба на оваа населба беа повисоки за само 5% за разлика од класичните станбени населби.
Трошковите на греење на еден стан од 80 m2 во оваа населба изнесуваа само 6 евра (околу 360 денари) на месечно ниво. Потрошувачката на електричната енергија која се трошеше за системот на вентилација изнесуваше околу 4 евра на месечно ниво.
Инаку станбениот комплекс веќе доби неколку награди за постигнати високи стандардни. Вкупниот комплекс се простира на околу 26.000 m² на корисна површина. Се одликуваат со високо квалитетна топлинска изолација, најквалитетно повеќе слојно стакло …итн. Исто така се користат обновливи извори на енергија – соларната енергија за греење на топлата санитарна вода и геотермална енергија за греење и ладење. Соларните плочи зафаќаат површина од околу 1000 m².
Микроклима на внатрешниот простор
Ниската потрошувачка на енергија не е поврзана со намалувањето на самиот конфор на живеење. Напротив, ниската потрошувачка на енергија не ја намали удобноста на живеењето во овие станови, ниту го намали квалитетот на воздухот во затворениот простор.
– Мерењата покажаа дека температурата во становите изнесуваше 24°C, додека надворешните температури се движеа и до – 15°C. Мерењата на квлитетот на воздухот покажаа добри резултати – околу 1500 промили на CO2, додека оваа вредност во класичните станови изнесува и до 4000 промили – изјави Bruno Oberhuber од тиролската агенција за енергетика.
Задоволство на станарите
Сите овие резултати се добри, но самиот квалитет на становите ги оценија станарите на овој комплекс. Повеќе од 90% на станарите одговорија дека се задоволни од овие станови. 96% од станарите изјавија дека се задоволни од квалитетот на греењето, а 80% на станарите изјавија дека се задоволни на вентилацијскиот систем.
2 Comments
Дејан Спасески
Мислам дека треба да се потрудите повеќе околу македонскиот јазик во текстовите кои ги објавувате. Доколку сакате да ги задржите читателите потребно е да се трудите Вашите текстови да имаат што помалку печатни и литературни грешки.
Конкретно за овој текст не знам дали е преведуван од српскохрватски или друг јазик, но во него најдов неколку зборови за кои сметам дека е потребна корекција. За да не бидам само на зборови, еве ги моите забелешки: австри(ј)ска, покра(ј)ина, истраж(и)вачки, докаж(и), (премаши), трош(кови), квалитет(ен) ниво, месеч(ен) ниво, с(е) пое(ф)тина, (овој) станбениот, геотер(н)ална, пло(ш)и, оцениа. Или: австриска, покраина, истражувачки, докаже, надмине, трошоци, квалитетно ниво, месечно ниво, сè поевтина, станбениот, геотермална, плочи, оценија.
Предраг Стојковски
Сдраво Дејан,
Благодарам на критиките, грешките ќе бидат намалени.
Поздрав и продолжи и понатаму да не следиш!