М-ЛАН СОЛАР е компанија од Словенија, која е присутна некое време на македонскиот енергетски простор, при што имаат поставено презентациски фотоволтаични панели со вкупна моќност од 5kW на административната зграда на Скопски Саем. Со оглед на тоа што и на претходниот саем Технома се претставија одлично, во очи на Технома 2012 направивме кратко интервју со Андреј Мласко, директорот на М-ЛАН СОЛАР во врска со можностите за соларната енергија во Македонија и пошироко. „И на овој саем Технома 2012 ќе понудиме нешто ново, интересно, Оваа година настапуваме со нови продукти кои се поврзани со системот на повластени тарифи. Тие се многу едноставни за монтирање и носат огромна корист за инвеститорите. Тоа се Соларните пумпи за наводнување, автономни системи“, вели Мласко
1. Господине Мласко, во Македонија работите веќе една година. Може ли, со неколку зборови, да ни го објасните Вашето (не)задоволство и размислување за соларната енергија и потенцијалите на земјата?
Во Македонија има полно сонце. Тоа е бесплатна енергија. Затоа, неопходно е што повеќе да ја користите. За жал, од работата во Македонија, штета што како Македонци немате доволно доверба во овие обновливи извори на енергија и не ги користите нивните потенцијали.
2. Кажете ми една најдобра и една најлоша работа во Македонија поврзана со фотонапонските централи и соларната енергија?
Најдобра работа е тоа што сепак почнавте нешто да работите со соларните централи. А како најслаба карика би ја потенцирал малата и ограничена квота за инвестирање, што многу брзо се потполни.
3. Направете паралале меѓу Македонија и Словенија во врска со соларната енергија. Кога би почнувале од почеток, дали ова би биле двете држави во кои повторно би инвестирале?
Интересно прашање. Сепак, кога повторно би почнал со овој бизнис, дефинитивно, би инвестирал во Италија, Германија и Шпанија. Таму се е поедноставно, почнувајќи од документација до приклучувањето во мрежата на дистрибуцијата, која исто така е многу поевтина.
4. Вашата компанија настапува на саемот Технома 2012. Што ново ќе понудите на посетителите?
И на овој саем Технома 2012 ќе понудиме нешто ново, интересно, Оваа година настапуваме со нови продукти кои се поврзани со системот на повластени тарифи. Тие се многу едноставни за монтирање и носат огромна корист за инвеститорите. Тоа се Соларните пумпи за наводнување, автономни системи.
5. Рековте дека водната соларна пумпа користи сончева енергија за да работи. Што значи ова за земјоделците и кој се може да ги користи нејзините придобивки?
Станува збор за систем кој служи за пумпање на водата за наводнување или за напојување на добитокот, но притоа, не ви треба електричен приклучок. Се користи во целокупното земјоделство и во сточарството, а исто така, може да се користи и во индустријата и во градежништвото.
6. Дали Македонија е земја која треба и може да инвестира во соларна енергија. Како е регулативата и она што е на теренот, реалноста?
Во Република Македонија многу треба да се инвестира во користењето на соларната енергија, но проблемот е во преголемата бирократија. Сакам да го нагласам и проблемот со банките кои немаат интерес, финансиски, да поддржат вакви проекти.
7. Словенија е пред банкрот. Како таму се одвива вашиот бизнис со сончеви електрани. Размислувате ли за трансфер во друга држава, Австрија, Хрватска, Македонија или…?
Во Словенија овој бизнс е завршен, но не поради кризата, туку поради погрешните владини политики и банките кои се повлекоа. Поради ова, неминовно е да се размислува за трансфер на бизнисот во друга држава, но не сакам, во овој момент, да кажам која. Навистина, ќе инвестираме таму каде што условите ќе бидат најповолни.
8. На крај, речете ни, која е предноста на соларната енергија во однос на другите видови производство на струја, како што се хидро, нукеларно, термоцентрали..?
Има многу предности, но јас би сакал да се осврнам на тоа дека соларната енергија е бесплатна и тој факт така ќе остане и во иднина.
2 Comments
александар
za individualen objekt kolku bi cinelo instalacija od 7 kv elektricna energija
fala
Dimeski Zvonko ; mfc-solar
Поздрав
Не би го коментирал многу интервјуто, само би напоменал уште еднаш дека е глупаво Владата да додели нови квоти за соларни фотонапонски централи, да конкурираат на нив странски фирми ( преку домашните нивни ќерки – фирми ) , да си донесат свои панели и опрема и ние сите после да им плаќаме преку повластената цена на струјата .А тие да си ги носат парите во нивните држави.
Моето мислење за соларните фотонапонски централи , многупати досега кажано , е дека треба да се донесе законот со кој и приватни лица ке можат да инсталираат неколку киловати панели на својот покрив , ке произведуваат струја и ке ја предаваат ( продаваат ) на ЕВН , по обична , не мора повластена цена и сето тоа без многу -многу бирократија и документи…
Да му одговорам на @александар:
Цената на чиниење на струјата произведена од вакви панели , но со складирање на струјата во акумулатори , ЧИНИ ПОСКАПО од струјата од ЕВН .Баш поради акумулаторите и контролната електроника врзана со нив.Ако се работи за индустриски објекти, пресметката за чинење на системот е ПОИНАКВА.
Таму , веке се исплати да се инвестира и во таков систем со акумулатори..
Поздрав и секое добро