About the author

Related Articles

6 Comments

  1. 1

    Sun

    Ние осветлувањето го решивме во помалите простории со соларни ламби за во бавча. 200 денари 1 во големото ВЕРО. Дење се полнат со сонце, ноќе околу 20:00 ги носиме внатре и светат до 5-6 часот. Светлината е слаба но 4-5 такви даваат доволно светлина. За подобро осветлување потребни се фотоволтаични панели но тие се далеку поскапи, а вака за 1000 денари си решил основно осветлување.

  2. 2

    Darko

    Укинувањето на дневната тарифа мислам дека се случува заради свртувањето на МКД кон обновливи извори на енергија (пред се` хидроцентралите и фотоцентралите). Зошто мислам така? За обновливите извори на енергија се плаќа повластена тарифа на сопственикот. Таа тарифа е повисока од тарифата со која се плаќа за енергијата произведена од конвенционални електрани. Тоа значи дека државата мора да најде пари за да му плати на сопственикот кој што произведува енергија од обновливи извори. Од каде ќе најде државата пари ако не од проклетите даноци и од народот. Е сега, бидејќи производството на енергија од обновливите извори се плаќа повеќе, на државата и требаат повеќе пари. Решение – поскапи го киловат-часот и укини ја дневната ефтина тарифа. Тоа е стара појава и старо решение во другите земји од Европа. Затоа се лутам кога народот мисли оти ако влеземе во Европа таму ќе тече мед и млеко. Можда и ќе тече, ако имаме европски цени и европски воспитан народ, а не ропаци кои обожаваат да седат во кафана и да се јачаат со шабански песни како Муштулук. Еве ви европска цена на струјата. Данска, Германија, Шпанија – тие се земји кои плаќаат најскапа струја бидејќи имаат многу големо производство од обновливи извори и таму нема дневна ефтина тарифа. Јас ги обожавам обновливите извори на енергија, ама не можам да сфатам зошто да треба со остен да се стимулира народот за да постави обновливи извори. Остенот во случајов е повластената тарифа со која се стимулира сопственикот да користи такви извори. Зошто да не може едноставно да се освести народов, да излезе од кафани и да рече: “Абе има попаметни работи да правиме, не мора некој да не стимулира, дајте сите да ставиме фотопанели, кој колку може”. Смотан народ. Ако сите сами се свестат да постават фотопанели, тогаш нема ни да има потреба од стимулации и од повисоки тарифи за енергија од обновливи извори и нема да има поскапување на струјата од конвенционални извори. Јас сум електро инженер, не економист бидејќи економијата е измислена и непотребна наука за мене, но мислам дека ова мое размислување како економист е точно горе-долу.
    Ноќната ефтина тарифа може да остане и немаат изговор ни право да ја скинат, бидејќи навечер нема побарувачка, затоа е ефтина таа енергија од една страна, а од друга страна мора да се одржува минимално количество на електрична енергија во еден ЕЕС, дури и кога нема голема побарувачка.

  3. 3

    Goca

    Добро бе Дарко, Што имало толку лошо во нашите луѓе кои сакаат да си седнат во кафеана и да си лафаат, да си комуницираат и да се дружат. За мене таа дружба претставува израз на духовноста. Значи не се `ропаци` тие кои знаат да се дружат `ропаци` се оние кои живеаѕ без да осетат благослов од животот. Западот ви продава `стимуланси` , `психологија` , и ЛСД – канибал. Западот си направи ЕУ и монопол со енергенсите(храна, вода, гас, струја итн.) но, тоа не значи дека западот е во право и дека ЕУ е вистинското нешто. Најголемата измама што ја прави бенелукс : тие ги преселија фабриките во азија и оттаму црпат финансии, а ЕУ граѓаните ги учат на `штедење`. Законот вели: акција-реакција, во спротивно добивате само статичност или социолошка депресија. Но , во едно се сложувам, довлно ум си имаме за да си изградиме сопствен систем на енергија.

  4. 4

    Васко

    @Darko која бесмислица е тоа – дека биле обновливи извори на енергија – да се поскапи! Море бре… За овие фосилниве извори шо се користат (нафта, јаглен и сл.) се правдаат дека демек се конечни и ќе ги снема еден ден, па затоа е се` повисока цената (економска логика – колку помалку количество имаш од еден продукт и голема побарувачка, толку повисока цена има), па за обновливите требало уште поскапо. Па баш дека се обновливи, еколошки и не ја загадуваат природата, баш за тоа треба да бидат бесплатни! Надвор од здрав разум е да се продава нешто што го има во изобилство! Исто ко да почнеме сега да плаќаме за воздухот што го дишеме.

  5. 5

    Перо

    @Darko

    Дарко, во целост се согласувам со тебе, пред се за нашиов народ. Точно е дека во најголем број ние сме „мрзлива„ нација или како што велиш ти „ропаци кои обожаваат да седат во кафана и да се јачаат со шабански песни како Муштулук“. Токму за ова и јас се лутам, бидејќи факт е дека е така, дека само се научени да седат по кафиќи по цели денови и после ништо не им чини, се е лошо.

    Е сега сите да купат панели … не верувам дека баш секој може да си дозволи, меѓутоа верувам дека има доста луѓе, т.е. семејства во државава кои финансиски се во можност да си ги дозволат истите. Ама пусто Македонче – гледа каде и како може да „упика“ – ако има помош од држава тогаш може, ако не – ма каков колектор или панел….

  6. 6

    Димески Звонко ( мфц-солар)

    Да се вклучам и јас во ова…
    Зошто да не се даваат субвенции за поставување на соларни панели ( за топла вода и струја) ???
    Така и државата ШТЕДИ !!! Како ???
    Па со помалото количество на енергија што треба да се увезе ,а кое се плака со скапо заработени девизи.Зошто да плакаш нешто кога го има во изобилство и е евтино?!.Меѓута, работата е на друга страна:
    Убави се парите од акцизата и до ДДВ на се’ што се троши во државата , па така и енергенсите…Па така сиромашното Македонче ПЛАЌА многу работи поскапо .Има пари за чаламење в кафеана, но да му речеш да стави нешто такво во кое ке вложи неколку илјади евра , тоа малку потешко оди .Но морам да признаам дека малку по малку луѓето ги сваќаат работите , па се’ повеке влужуваат во такви работи.
    Зарем и секој од нас нема да стави неколку десетини панели на својот покрив , и да продава струја на ЕВН , по нормални , не по повластени цени , а да троши од мрежата онолку колку му се потребите ?! На крај на месецот да се сведат сметките и да не треба да се плати ништо или сосем малку?
    Па таков систем ке се исплати за неколку години !!!Настрана тоа што нема да увезуваме струја .. За тоа само треба добар слух од државните органи и вистински закони. Да се надеваме дека во 2013 година конечно ке се донесе и тој закон.
    Поздрав и секое добро

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency