Една од студиите која беше нарачана од Европската Унија покажа дека можно е да се појави недостаток на металите за кои постои голема побарувачка, а на кои како главен извезувач се јавува Кина. Имено, според студијата тој недостаток би ги загрозил плановите на европските земји во имплементацијата на зелените технологии во нивните економии.
Според студијата која е изработена од “Joint Research Centre” намалената испорака на метали во текот на наредните две декади би резултирало со намалено производство на сите видови на технологии за обновливи извори на енергија како и на производството на електрични возила.
Овој тренд би можел битно да влијае на плановите на Европа за развој на економиите без CO2 до 2050 г., а кој развој се темели на развој на обновливи извори на енергија. Сите тие планови и проекции би пропаднале во вода доколку Кина го ограничи извозот на материјалите како што се: индиум, галиум, неодиум, метали за кои има голема побарувачка, а кои се користат за изработка на енергетски ефикасни системи и за речиси сите видови на опрема за обновливи извори на енергија.
Имено, на таа листа има околу 14 видови на ректи метали за кои би дошло до недостаток. Европа зависи од увозот на секој од тие метали. И иако тие се распространете речиси во секој дел на светот до нив тешко се доаѓа, а Кина е земјата која го контролира речиси 90% од пазарот. Така што јасна е загриженоста во Европа по ова прашање. Како солуција на едно такво решение се смета дека е во отворањето на европски рудници за ретки метали како и на зголемувањето на процентот на рециклирани материјали.