Државната Кинеска развојна банка ќе обезбеди една милијарда долари за швајцарската филијала на кинеската компанија „ЏинкоСолар холдинг“. Овие пари ќе бидат употребени за ширењето на оваа компанија на светскиот пазар во наредните пет години.
„ЏинкоСолар“, со своето седиште во Шангај, е регистрирана на Њујоршката берза. Добиените пари ќе ги искористи за нивната експанзија на странските пазари, пред се преку купување и по пат на интеграција со други сродни компании, како и по пат на изградба на погони за производство на сончеви панели. Ова се наведува во соопштението кое што е објавено по повод на потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу „ЏинкоСолар“ и „Гуандонг“, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.
Кинеските производители на сончевите панели за производство на електрична енергија имаат преголеми капацитети и исто така се оптоварени со заштитни царини во С.А.Д. и во Европа. Вкупните капацитети за производство на сончеви панели на оваа компанија, во третиот квартал изнесуваа 335,2 мегавати.
Компанијата во третиот квартал забележа нето загуба во вредност од 54,8 милиони јуани, поточно 8,7 милиони долари. За споредба, минатата година во истиот период компанијата забележа нето профит во вредност од 68,1 милиони јуани.