Српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ, изјави дека Србија до 2020 година може да ги искористи потенцијалите на обновливите извори на енергија и тоа повеќе од пропишаните 20 проценти. Според министерката, од вкупното производство на електрична енергија, обновливите извори ќе учествуваат со 27%. Исто така министерката изјави дека ова ќе биде возможно доколку се реализираат мерките пропишани од акциониот план за користење на обновливите извори на енергија, кој што пред се ги фаворизираат инвестициите во биомаса, мали хидроцентрали, геотермална енергија како и енергијата на ветер и сонце.
Претставувајќи го новиот „Национален акционен план за користење на обновливи извори на енергија до 2020 година“, дојде до одредени намалувања на висината на стимулативните feed in тарифи, пред се на тарифи за искористувањето на ветерната и сончевата енергија. Она што е ново во овој план е воведување на стимулативни тарифи за когенеративни постројки кој што користат јаглен, за сите централи на гас, без разлика каков вид на гас користат (биогас, природен гас..) и за сончеви колектори кој што се поставуваат на крововите на станбените згради.
Но да се вратиме на намалените feed in тарифи. Оваа тарифа за искористување на сончевата енергија се намали и сега се движи од 16,25 – 22,66 евро центи за киловат час, а се во зависност од инсталираната моќност на централата. За споредба оваа тарифа во Македонија се движи од 26 до 30 евро центи за киловат час. Новата стимулативна тарифа за користење на ветерната енергија е исто така намалена и предложената тарифа се движи од 9,2 евро центи за киловат час. Кај нас оваа тарифа изнесува 8,9 евро центи по киловат час. Повластената тарифа за електрична енергија добиена од централи на геотермална енергија ќе се движи од 6,92 до 9,67 евро центи по киловат час. Тарифата за електрани на депониски гас ќе изнесува 6,91 евро цент, а за електрани на отпад таа ќе изнесува 8,57 евро центи за киловат час.
Заинтересираните инвеститори, како и стручната јавност ќе имаат право да дискутираат за предложените измени и да дадат нови предлози кој што се однесуваат на висината на feed in тарифата. Министерката изјави дека должината на траењето на лиценцата ќе остани иста – 12 години. Таа понови дека приоритетот на министерство ќе остани биомасата, малите хидроцентрали, геотермална и на крај енергијата на ветер и сонцето.
„Имајќи го во предвид богатството кое што Србија го поседува во обновливите извори на енергија, верувам дека можеме да ја исполниме целта кој што си ја поставивме, поточно обновливите извори на енергија да учествуваат со 27% во вкупното производство на енергија, како и да ја унапредиме енергетската ефикасност во државата.“, изјави министерката Михајловиќ.
Министерката изјави, дека при одредувањето на feed in тарифите, беа ангажирани двајца консултанти. Овие повластени тарифи треба да бидат од интерес како на државата така и на инвеститорите, додавајќи да овие две страни не треба да бидат спротивставени, туку заедно да соработуваат. Претставувајќи го планот во Стопанската комора на Србија, министерката изјави дека со планот е извршена подетална категоризација на електрични централи кој што ќе бидат изградени.
Таа додаде дека се работи и на измена на Законот за енергетика, особено во делот кој што се однесува на ревизија на енергетските дозволи и во делот со кој што се уредуваат обврските на инвеститорот, поточно што тој треба да направи за три години од издавањето на енергетската дозвола. Министерството за енергетика припрема јавен повик, за заинтересираните инвеститори кој што сакаат да добијат локација за изградба на мала хидроцентрала, што е сосема нова пракса во Србија. Веќе со почетокот на 2013 година се очекуваат први лицитации врз основ на овие повици. Исто така Министерството за енергетика, до јуни наредната година ќе стане место каде што инвеститорите во обновливи извори на енергија ќе ги добијат сите потребни дозволи на едно место.
„Верувам дека планот за искористување на обновливи извори на енергија ќе биде целосно реализиран“, изјави министерката и во исто време таа упати порака кон инвеститорите дека се добро дојдени во Србија и да можат да се обратат кон министерството за сите проблеми со кој што ќе се соочат. Таа ги замоли инвеститорите да се придржуваат на законските прописи и правила и да инвестираат не само во оние проекти кој што ќе им донесат профит туку и во оние кој што се од општествен и национален интерес.