Дали можете да го замислете интернет без Google? Веројатно не, бидејќи скоро секоја информација која што ви треба, ја пребарувате преку Google. Но дали знаевте дека секое Ваше пребарување на Google троши одредено количество на електрична енергија и во исто време ослободува одредено количество на CO2. Сигурно се прашувате како?
Како што рековме Google, е најпопуларен и во исто време најголем интернет пребарувач. Тој на месечен ниво процесира околу 13 билиони пребарувања, а можеби и повеќе. За да ги обработи сите овие пребарувања, Google има голема дата центри, кој што се составени од голем број на сервери кој што се способни да ги обработат сите пребарувања.
Овие големи сервери во исто време се и големи потрошувачи на електрична енергија, како за нивното функционирање, така и за нивното ладење. Секако дека оваа голема потрошувачка на електрична енергија остава и негативни последици – ослободување на одредени количества на CO2. Така на пример едно пребарување на Google троши околу 0,003 kWh и околу 0,2 g на CO2. На месечен ниво оваа потрошувачка изнесува 3.900.000 kWh – енергија доволна за 4.239 домови за еден месец. Подетално на следниот инфографик: