Српското електростопанство склучи договор со Европската банка за обнова и развој , за започнување на инвестициони циклус на изградба на мали хидроцентрали. Вкупната инвестиција изнесува 45 милиони евра.
Малите хидроцентрали се лоцирани во југоисточниот и југозападниот дел на Србија, каде што постои и голем воден потенцијал, изјави директорот на Секторот за инвестиции во ЕПС Душан Ивковиќ на конференцијата „Обновлива енергија на водата, ветерот и сонцето – патот кон енергетската независност“, во организација на Балкан магазин.
„Целта ни е да до крајот на годината, по изработката на потребната документација и на добивање на сите потребни дозволи за изградба на мали хидроцентрали, отвориме поединечни тендери за сите 23 централи“, изјави Живковиќ.
Тој прецизира дека ќе се модернизираат и оние централи кој што се сè уште во функција, како и на изградба на мали хидроцентрали на веќе постоечки брани кој што служат за водоснабдување.
„Целта на ЕПС е да во нареден период покрај постоечките капацитети за производство на електрична енергија, го прошири својот портфолио и во делот на обновливите извори на енергија“, нагласи Живковиќ.
Тој потсети дека ЕПС една третина од електричната енергија ја добија од хидро капацитети. „Малите хидроцентрали, кој што се во сопственост на ЕПС работат повеќе од 100 години, а големата хидроцентрала Ѓердап I кој што е направена пред 30 години, во тоа време беше трета најголема хидроцентрала во светот.“, изјави Живковиќ.
Покрај изградба на мали хидроцентрали, ЕПС планира и изградба на поголеми хидро енергетски капацитети – во моментот се започнува ревитализација на хидроцентралата „Бајина Башта“, „Ѓердап I“ а во тек се и активностите околу ревитализацијата на хидроцентралата „Зворник“.