Половина од вкупното количество на емисии на јаглерод се од топлината која во сите нејзини форми е застапена во Велика Британија. Оваа држава има законска рамка за намалување на емисиите на јаглерод до 26 % до 2020 година и 80% до 2050 година откако е донесен актот за климатските промени. За исполнување на тие цели, барањата се прилично јасни, а тоа е барање замена за фосилните горива кои се користеле за греење во некои ниско јаглеродни форми на загревање.
Во Македонија, Стратегијата за искористувањето на Обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година е изработена од страна на Македонската академија на науките и уметностите .
Глобалната заложба за заштита на човековата околина и посебно за намалување на емисиите на стакленички гасови, увозната зависност на Македонија од енергија, како и потребата за обезбедување на поголема разнообразност и со тоа и сигурност во снабдувањето со енергија неминовно наметнуваат зголемено учество на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија. Но, паралелно со активностите и мерките за зголемување на учеството на обновливите извори треба да се усвојат мерки и спроведат активности за зголемување на енергетската ефикасност во финалната потрошувачка. На тој начин многу полесно и побргу ќе се исполни целниот процент за учество на обновливите извори во финалната потрошувачка, но и ќе се подобри конкурентноста на економијата заради намалените трошоци за енергија.
Но, главната цел на оваа стратегија како што е наведено во документот е да се добијат информации за потенцијалот и можната експлоатација на обновливите извори на енергија во Република Македонија. Притоа, квантифицирањето на овие сознанија ќе биде реализирано со определување на:
• Целниот процент за вкупната енергија (ЦЕЛ ОИЕ) што претставува удел на енергијата произведена од ОИЕ во вкупната потрошувачка на енергија
• Целниот процент за електричната енергија (ЦЕЛ ОИЕ-ЕЕ) што претставува удел на електричната енергија (ЕЕ) произведена од ОИЕ во вкупната потрошувачка на ЕЕ
• Начинот и динамиката за постигнување на Целниот процент за вкупната енергија ОИЕ
Но, никаде не се напомнува можноста за искористување на биомасата за производство на топлинска енергија.
Во Јуни 2008 година со владината стратегија за користење на обновливи извори се предложило едно возможно сценарио и тоа 14 % од загревањето во Велика Британија да биде преку искористување на обновливите извори за да може да се постигне целта зададена до 2020 година.
Со оглед на тоа дека 1 % од побарувачката на топлина во Велика Британија е моментално исполнета преку обновливи извори, се имплицира драматична и брза трансформација во начините за добивање на топлинска енергија во наредната деценија. За да би се постигнало оваа промена во обновливите извори, владата поттикнала и дејствувала во енергетските акти во 2008 година за да воспостави т.н. „Иницијатива за добивање топлина преку обновливи извори“ при што почнала да дава и финансиска помош. Од сите можни обновливи грејни солуции, биомасата има потенцијал за најзначајните и најефективните јаглеродни заштеди, особено за комерцијални и индустриски побарувања. Покрај јаглеродните заштеди греењето со биомаса исто така нуди значајни бенефиции за корисниците вклучувајќи заштеда на оперативни трошоци за гориво како и заштита од променливата цена на фосилните горива. Но исто така може да ги стимулира локалните економски активности преку создавање на синџир за негова дистрибуција што доколку не би се искористило би го третирале како отпад и би завршил на некој отпад.
[1]https://www.gec.mk/EE%20vo%20Makedonija/Strategija%20za%20OIE.28juni2010.pdf
Автор: Александар Цеков
Текст е дел од семинарската работа на Александар Цеков – „Користење на биомасата во индустријата:Имплементирање на системи за добивање на топлинска енергија преку користење на гориво добиено од биомаса“
One Comment
Lovro
Pa se toa e vo red no kaj nas postoi eden golem problem , drvata za gorenje se prodavat na m3(metri kubni) so nepoznata sodrzina na vlaga , drvoto e energens i mora da se prodava na kg so tocen procent na vlaga , isto kako briketite i treba da ima deklaracija kolku vlaga sodrzi koj tip na drvo.Za da prestaneme da se lazeme na duture.