Трајноста на материјалот
Различни видови на слама имаат и различна трајност. Слама од житни култури во земја се распаѓаат за 6 месеци, додека оризова слама се распаѓа за дупло подолг период (поради големото учество на силикати во самата слама). Но како што рековме во првиот текст, сламата, како градежен материјал се користеше (и користи) со векови. Сламата е пронајдена дури и во египетските пирамиди во совршена состојба. Значи, од тоа како самите градби од слама се одржуваат така и векот на користење на овие објекти варира од неколку недели до неколку илјади години.
Отпорност на влага
Габа може да се најди во сламата доколку истата поседува голем процент на влажност (70-80%). Озбилни оштетувања се јавуваат доколку сламата подолг временски период е изложена кон влагата. Во Калифорнија, период на интензивен дожд е попратен со период на интензивен ветер кои што ги исушува ѕидовите. Искуствата, како и резултатите на тестови покажаа дека најдобриот начин за се избегни долготрајната концентрација на високата влажност, препорачуваат употреба на паропропусни заптивачи и премази кои не му дозволуваат на влагата да влези во ѕидот а во исто време му дозволуваат на пареата која што е во внатрешноста на објектот да излези од него.
Како што можеме да видиме доколку ѕидот од слама е правилно изолиран, објектот кои што е направен од бали на слама може да се одржува и до неколку децении. Пример на ваков објект е „Oak Place„ палата во Huntsville, Алабама. Овој објект е изграден уште во 1938 година и со успех му одолева на влажната клима на американскиот југ.
Отпорност кон инсекти и пестициди
За разлика од дрвото, сламата ја напаѓаат само неколку различни видови на инсекти. Во С.А.Д. термитите се главен непријател на сите објекти кои што се направени од материјал од органско потекло. Заштитата е иста како и кога ја правиме заштитата на дрвото – дезинсекција. Постоеше одредена сомнеж во штетноста на пестицидите во балите, но истите се користат во најраната фаза на животот на самата билка, така да балите содржат минимални количества на пестициди.
Отпорност на оган
Тестовите покажаа дека балите од слама имаат висок степен на отпорност на оган. Балите кои што не беа поврзани со глина или кал издржаа 30 минути, додека балите кои што беа поврзани со кал или глина издржаа и до 2 часа. Ова е поради фактот дека самиот ѕид не содржи никакви вертикални канали или премини. Исто така масата на самиот ѕид е компактна и не му дава на огнот лесно да се шири. Уште кога ќе додадеме и дополнителен слој на обичен малтер самиот ѕид ќе има уште подобра отпорност. Се подразбира дека сламките не смеат до го пробиваат овој слој на малтер.
Продолжува наредната недела.
Извор:Build magazin
One Comment
Pingback: Прирачник: Градење со слама