Пет згради во централното градско подрачје на Куманово ќе добијат нови фасади со проект за енергетска ефикасност.
Со проектот се опфатени зградите на улиците „11 Октомври„ бр.1, Плоштадот „Маршал Тито„ бр.39, Плоштад „Нова Југославија„ бр.2, „Моша Пијаде„ бр.14 и „Тоде Думба„ бр.100. Проектот за енергетска ефикасност е во фаза на реализација, јави КумановоЊуз.
Претходно била направена анкета со станарите, кои позитивно се изјасниле и прифатиле да се сменат вратите и прозорците, со што ќе се заштеди енергијата.
Проектот за енергетска ефикасност ќе го спроведува општина Куманово во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија„ и во договор со куќните совети на пет згради во централното градско подрачје.
-Општина Куманово си зема за обврска да ги смени фасадите, заеднички со Хабитат. Нејзиното учество е околу 20 проценти од вкупниот проект во зградата. На граѓаните им даваат кредити без камати. Ако порано плаќале сметки од 5.000 денари , сега ќе плаќаат 2.500 денари и од самата заштеда ќе ги вратат парите. Дури може потрошувачката на енергија да се намали за повеќе од 50% – вели Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции во општина Куманово.
Извор:Sky.mk