Во последно време многу средства и време се вложува во истражувањата за батерии, како и за суперкондензатори, со цел да се зголеми автономијата на електричните возила и ефикасноста на полнење. Но, истражувачите од Националниот Универзитет од Сингапур еден вид мембрана за складирање на енергија, која е многу поевтина и многу поефикасна од напредните батерии.
Истражувачкиот тим разви полимерна мембрана на основа на полистирен, која се прави од органски отпад. Кога ќе се постави помеѓу две графитни плочи и ќе се наелектризира, мембраната може да зачува електрицитет од 0.2 фаради на сантиметар, што е далеку повеќе од сегашниот капацитет на кондензаторите со иста големина (околу 1-10 микрофаради).
Уште поважно, оваа мембрана ја намалува цената на чинење на складирањето на енергија од околу 7 долари по фарад, до само 0.62 долари по фарад. Тоа е 90% поевтино, што би значело голем напредок за електричните возила. И бидејќи мембраната се произведува од органски отпад, а истражувачите не спомнуваат некои „егзотични“ материјали во изработката, со тоа се елиминираат и многу проблеми кои електричните возила ги имаат со набавката на материјали за делови.
Иако звучи скоро премногу добро за да биде вистинито, ова откритие има потенцијал да промени многу работи во областа на електрични возила.