Речиси и да нема корисник на smartphone кој не се нашол во ситуација батеријата од полна до речиси празна да стани за само неколку саати. Зошто тоа се има случено и кои се причините зошто е така има неколку логични објаснувања и едно едноставно мошне ефикасно решение. Најчесто батеријата се празни доколку е пуштен вај фајот кој постојано скенира за достапни интернет мрежи како и некои други апликации кои во позадина безпотребно работат и со самото тоа значително допринесуваат во трошењето на батеријата.
Со цел намалување на потрошувачката на батеријата и добивање на подобра слика за тоа што се случува со потрошувачката на батеријата, тим од студенти и професори од реномираниот универзитет Беркли развија апликација која се грижи за потрошувачката на батеријата и помага при оптимизирање на истата се со цел да таа трае подолго. Carat e името на апликацијата која е бесплатна и достапна како за Ајфон така и за Андроид корисниците. Што се однесува до заштитата на податоците нема зошто да се грижите овде со оглед дека апликацијата не зачувува и не презема приватни податоци од корисниците. Единствени податоци кои апликацијата ги собира се навиките на корисниците на апликациите, кои апликации работат во позадина, кои апликации работат а се можи без нив а не се користат и сл. Во принцип се што би било од корист за порационално искористување на енергијата на батеријата.
Апликацијата може бесплатно да се преземе од Google Play или од официјалната страна на нејзините креатори. Единствената разлика е тоа што на Google Play можи да се прочитаат мислења од луѓе кои веќе ја користат и нивните исксутва со оваа апликација.