Здружен тим на истражувачи од Универзитетот Аризона и Државниот универзитет во Аризона работат на нов вид на соларни ќелии кои ќе имаат 40% повисока ефикасност на претворање на сончевата енергија во електрична, користејќи други полупроводнички материјали освен силициум.
За истражувањата тие добија грант од 1 милион долари, претежно од НАСА, која е заинтересирана за развојот на фотоволтаични системи за напојување на нивните сателити и други инструменти во вселената.
Сегашните соларни ќелии кои ги користат вселенските летала на НАСА се засновани на силициум, од кој со сегашната технологија не може да се постигне ефикасност на претворање поголема од 23%. Според Омар Манареш, професор по електротехника на Универзитетот Аризона и главен истражувач на проектот, истражувањето ќе биде насочено кон два пристапи за производство на нови фотоволтаични материјали.
Првиот пристап предвидува комбинација на бакар, индиум, галиум и селен за формирање на полупроводнички нанокристали. Потоа овие нанокристали или се обликуваат во тенки фолии или се комбинираат со титаниум диоксидни или цинк оксидни наноцевки.
Кај вториот начин се применува молекуларна епитаксија, метод за нанесување нанокристали со цел создавање на квантни точки – наночестички од полупроводнички материјал (индиум арсенид).
За да ги подобрат перформансите на предложените соларни ќелии, научниците ќе се обидат да спојат метални наночестички со нанокристалите и квантните точки. Притоа, ќе го набљудуваат плазмонскиот ефект од заробување на светлината, што од друга страна доведува до зголемување на ефикасноста на енергетска конверзија на материјалот.
3 Comments
Zoran
Ako ova e tocno,,togas treba da ocekuvame presvrtnica i naglo namaluvanje na cenata na el.enerergija dobiena od foto voltaicnite sistemi
Marko
Цената не зависи од ефикасноста туку од материјалите кои се користат, нанотехнологијата е сеуште во развојна фаза а материјалите се доста поскапи од силициум. Сепак технологијава ветува
loni
dodeka dojde ke pomine mnogu vreme.