Во прва фаза на проектот се планира вработување на 50 работници, а со растот на производството, фабриката ќе вработи и до 120 работници, најавуваат од општината Сисак, каде што ќе се гради погонот.
Сисак беше и е познат како град во кој што се наоѓа голема рафинерија на нафта, како и голема железара. Но покрај овие капацитети, овој град ќе стане познат како град во кој што произведуваат фотонапонски ќелии. Доколку се реализира планот на општинската администрација, веќе за неколку месеци во Сисак ќе се отвори оваа фабрика. Се работи за заедничка инвестиција на градот Сисак, Институтот Руѓер Бошковиќ и на приватната компанија „Соларни ќелии Сплит“. Доколку се реализира оваа инвестиција, Сисак ќе стане национален центар за развој на фотонапонски ќелии, а во прва фаза ќе се вработат 50 работници. Првиот чекор е веќе направен, поточно се потпиша меморандум со кој што партнерите покажаа интерес за учествување во проектот, а во моментот се изработува студија на изводливоста на проектот. Доколку студијата биде позитивна, ќе се отвори заедничка компанија, која што ќе го изгради погонот.
Како што веќе рековме, градот Сисак е еден од партнерите во овој проект. Како влог во новата компанија, градот ќе го стави земјиштето на кој што ќе се изгради погонот и ќе ги обезбеди сите потребни приклучоци. Сплитската компанија во новата компанија ќе ја премести својата технологија за производство на соларни ќелии, но како се работи за стара технологија, Институтот Руѓер Бошковиќ ќе ја унапреди со технологијата која што ја развиваат во последните неколку години.
Како што изјави претседателот на градскиот совет Вељко Новак оваа фабрика е дел на новата стратегија, каде општината активно учествува во развој на нови стопански иницијативи.
„Поради крахот на црната металургија која што работеше во нашата општина, во еден ден останавме без илјада работни места. И поголемите градови од Сисак, тешко би се избориле со слична состојба. Ова е нов пристап, градот ќе учествува во сопственичката структура во ново отвореното претпријатие. Ќе ја дадеме земјата, ќе ги обезбедиме сите потребни приклучоци, но спремни сме и да го финансираме проектот. Сметаме дека 2 или 3 милиони куни не се голем трошок за да обезбедиме нови вработувања.“ изјави новак.
Оптимизмот го базираат на фактот дека Хрватска ја презеде обврската наметната од страна на Европската Унија, да до 2020 година 20% од произведената енергија мора да биде произведена од страна на обновливи извори на енергија. Доколку сега само 1% биде произведен од страна на сончева енергија, тоа е веќе пазар кој што вреди околу еден милион евра.
Извор: vecernji.hr
3 Comments
Lovro
Slicno bi trebalo i nasata drzava da prezeme ima mnogu zemjiste slobodno a ne e za zemjodelska upotreba , neplodno, po ridovote i planinite .I administracijata da ne koci po godina i povece, neka se nauci ednas da rabotat po ucinok.
Трајче Трајчев
Во Хрватска уште во ’90-те се произведуваа фотоволтаични плочи, а и на Руѓер Бошковиќ активно се работи на ова поле. Неминовен беше овој корисен исход! Има една стара новина што радува: „… градот ќе учествува во сопственичката структура во новоотвореното претпријатие.“
Dimeski Zvonko
Со срека нека им е , ама …
Тешко дека со цената ке успеат да преовладеат на пазарот
Со кинезиве никој не си може, дури и американците креваат раце .Успеаа и третата по ред ( или втората , не сум сигурен ) фабрика за производство на келии во Америка да ја затворат поради нерентабилност .Тука некаде се и германците , ама тие си произведуваат за сопствени потреби и досега немам успеано ни да добијам цени ,а не пак да купам една келија од таму
Имаме во соседството во Грција , но кога ги контактирав за цени , добив двојно поголема цена од најквалитетните келии од Кина заедно со транспорт до овде .