Помеѓу местата Обреж и Купиново, на реката Сава, ќе се изгради првата хидроцентрала во Војводина. Инвеститорот е турската компанија „Текнотес“ а вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 300 милиони евра. Вкупната инсталирана моќност на хидроцентралата ќе биде 98 MW.
„Сите работи кој што требаат да бидат направени за да се изгради хидроцентралата, се во полн ек“, задоволно изјавува првиот човек на општината Пеќинци Сава Чојчиќ.
„Можеби делува нереално да во оваа рамница, се изгради една голема хидроцентрала, но плановите и проектите се на маса“, додава градоначалникот.
Инвеститорот од Турција ги изненади домаќините со своето познавање на енергетскиот потенцијал на реката Сава.
„Ниту случајно, ниту пак на „слепо“ ја избравме оваа локација. Добро ги проучивме сите закони, прописи и донесовме заклучок дека Србија е стабилно место за инвестирање. Нашите планови се готови и сосема јасни. Сега го чекаме одговорот на државата и се надеваме дека општината ќе ни помогне заеднички да ги реализираме плановите.“, изјави Оралом Бајток, сопственикот на компанијата „Текнотес“.
Самата идеја за изградба на хидроцентрала на реката Сава во Срем, не е нова. Таа е создадена уште пред 40 години и оваа идеја е ставена и ден денес постои во просторниот плана на Војводина.
Во општината со задоволство ги пречекаа инвеститорите, очекувајќи вработување на околу 150 работници кој што ќе бидат ангажирани на самата реализација на проектот.
Извор: НОВОСТИ