Германската компанија Entrade објави дека наскоро ќе започни со изградба на биогас постројка во непосредна близина на градот Краљево, Србија. Според изјавите на претставниците на оваа компанија, оваа инвестиција ќе донеси голем бенефит, како на компанијата така и на граѓаните на Краљево.
Инвестицијата во оваа биогас постројка ќе изнесува околу 12,5 милиони евра. Она што е интересно за оваа постројка е дека основната суровина за добивање на биогас ќе биди отпадот од локалните кланици. „Самата компанија ќе учествува со 1/3 во вкупната инвестиција, додека преостанатите 2/3 ќе бидат обезбедени од страна на партнерите од ЕУ„ – изјави новиот директор на Entrade, Julian Uhlig, кој се уште не ги откри имињата на другите партнери, барем додека не бидат потпишани сите потребни договори.
Самата биогас постројка ќе вработи 35 работници, кои што ќе работат во 3 смени а дневно ќе се обработи околу 170 тони на отпад од локални кланици.
Планираните градежни работи ќе започнат оваа година, а ќе бидат завршени во 2014 година, кога и самиот погон ќе почне со производство со првите киловат часови на електрична и топлотна енергија. Инсталираната моќност на планираната централа изнесува 3,4 MW, а годишно ќе произведува 27,3 GWh на електрична енергија и околу 30 GWh на топлинска енергија