„А сад адио, а сад адио и ко зна где и ко зна кад…..„
По своето 106 годишното живеење ,класичната светилка на 1 септември го оконча својот живот – барем во земјите членки на ЕУ. Имено од 1 септември во земјите членки на ЕУ е забрането производството и прометот на овие светилки. Трговците се уште можат да ги продаваат залихите на овие светилки. За осветлување се препорачуваат штедливите и LED светилки.
Оваа одлука за повлекување на класичните светилки не беше донесена одеднаш. Уредбата беше донесена уште во 2009 година. Со неа се предвидуваше повлекувањето на класичните светилки по фази. Првин пред неколку години од производството и промет беа повлечени класичните светилки од 120 и 100 W, па потоа и светилки со помала моќност – 60,40 и за крај оние од 25 W. Исто така уредбата ги постави критериумите за енергетски ефикасни светилки.
Алтернатива на класичните светилки – штедливи, ЛЕД и халогени светилки. ЛЕД светилки покажаа најдобри резултати. Немаат негативни влијанија на животната средина, долг животен век и она што е најважно трошат малку електрична енергија, дури и до 90% помалку од класичните светилки. Цената е поголема од конкурентните светилки но како што рековме имаат и до 25 пати подолг животен век.
Денеска една ЛЕД светилка чини околу 20 евра. Но она што е позитивно е дека цената на овие светилки паѓа и до 30% годишно.
Но Британците најдоа „дупка„ во системот.
Поради лошото напишана регулатива, одреден број на производители на класичните светилки ќе продолжат да ги произведуваат но само за „индустриска употреба„. Имено директивата забранува производство и промет на класични светилки наменети за домашно употреба, поточно за домашни ламби, но не и за индустриска употреба.
Две компании кои што ги произведуваат овие светилки ќе ја искористат „дупката„ во регулативата и ќе го продолжат производството на „отпорни„ светилки кои што неодоливо личат и работат исто како и класичните светилки. Овие светилки ќе коштаат околу една фунта – што е дупло помалку од колку штедливите светилки. Светилките ќе се продаваат по пат на интернет или по пат на специјализирани продавници за електронски уреди.