Денес во Македонија на неколку места горат шумски пожари. Додека полека излегуваме на крај со овие пожари за месец дена (a некаде веќе и сега) ќе започни „традиционалното„ палење на ниви. Но земјоделците не се ни свесни да со палењето на нивите тие всушност губат пари.
Оваа активност е законски забранета, но и покрај тоа одреден број на земјоделци и понатаму продолжуваат со оваа пракса. И додека ги палат нивите тие најверојатно не се ни свесни дека прават повеќе штета од колку корист (поточно мислат дека прават корист). Со палењето на ниви тие предизвикуваат нови пожари, ја загадуваат животната средина, ја намалуваат плодноста на нивите го загрозуваат сообраќајот.
Со палењето на стрништата се уништуваат големи количини органска материја и скоро целокупната количина на азот во почвата. Исто така, палењето на стрништата го забрзува намалувањето на содржината на хумус во почвата, ги уништува некои од потребните микроорганизми.
Да не зборуваме за голем број на човечки жртви како последица на палењето на нивите.
Билните остатоци можат да се искористат на повеќе начини: сточна храна, суровина за добивање на компост или пак како гориво во вид на пелети или брикети или едноставно како бали директно да се искористат како гориво. Машините за производство на пелети, денес можат да се набават по релативно ниски цени, па и доколку се скапи за индувидуален земјоделeц со здружување можaт да се пазарaт. Исто така овие машини се подвижни така да земјоделецот може директно на нивата да произведува пелети/брикети за свои потреби. Исто така сламата може да се искористи како градежен материјал, поточно во повеќе текстови пишувавме за тоа како се градат куќи од слама.
Да ги потсетиме луѓето дека казната за палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.