Глобалното затоплување ќе предизвика се поголеми бранови на горештини во Европа, се почести периоди на суша во Африка како и големи потопи на островите, се наведува во извештајот на Меѓу владин панел за климатски промени.
Како агенцијата Франс прес наведува, извештајот на ова организација, која е создадена од страна на Светската метеоролошката организација како и Програмата за околината на Обединетите нации во 1988, резултат е на досега најкомплетното истражување како и процена на последиците на глобалното затоплување.
„Доколку природните катастрофи се случуваат се почесто и поинтензивно, некои региони ќе бидат се помалку погодни за живот.„
Извештајот ќе биди објавен наредниот петок во Кампала (Уганда), каде во исто време ќе биди одржан состанок на експертите за климатските промени. Состанокот се одржува 20 дена пред започнување на редовната годишна конференција на Обединети нации за клима на 28 ноември до 9 декември во Дурбан (Јужна Африка).
Во извештајот на Меѓу владиниот панел за климатски промени, исто така се наведува дека тропските горештини кои беа интензивни во 2003 година однесоа 70,000 човечки животи, и да постојат големи шанси да бидат се почести.
Франс прес известува дека просечната температура во 20 век се зголеми за околу 1 степен Целзиусови, а стручњаците предвидуваат дека оваа температура во просек ќе порасни од 1-5 степени до 2100 година.
„С.А.Д. и Карипските острови ќе бидат погодени со се појаки урагани. Во одредени состојби ќе бидат преземени мерки на трајно преселување на населението„ стои во извештајот.
За островските држави, најголема опасност ќе биди зголемување на нивото на морето, кои што ќе предизвика ерозија на обалата како и уништување на земјоделски површини.
Сушите во Африка ќе бидат уште поинтензивни, додека во југо – источниот дел на Африка се очекува дупло почеста појава на олујни ветери.