Јапонската корпорација Sharp објави дека поставија нов светски рекорд со создавањето на соларни ќелии што се способни да претворат 36.9% од сончевата енергија која ја апсорбираат, во електрична. Достигнувањето на Шарп било потврдено и од Националниот институт на напредна индустриска наука и технологија. Новите фотоволтаици го победија претходниот рекорд за ефикасност на преобразба за цели 4%.
Според информациите, ќелиите се направени од слоеви од различни материјали, секој оптимално направен да апсорбира различна бранова должина на светлината и претвора максимално количество на сончева енергија во електрична. Од Шарп употребија индиум, галиум и арсен за да направат соларна ќелија позната како ќелија со троен спој, технологија која е присутна уште од 2000та, но дури сега почнува да го покажува својот капацитет.
Сепак, компанијата не го открива точниот вид на соларни ќелии што го користат. Тенкослојните соларни ќелии кои се користат во моментов, исто така во себе содржат различни материјали заради поголема ефикасност. Најпопуларни материјали кои се користат моментално се бакар индиум галиум арсенид и кадмиум телурид.
Тенкослојните фотонапонски ќелии се помалку ефикасни во претворањето на сончевата енергија во електрична. Најголемата ефикасност на конверзија која е достигната кај тенкослојните фотоволтаици е 17.3%.